Црна хроника
Владо Димов ослободен од притвор
Поранешниот министер за здравство Владимир Димов е пуштен на слобода. Вака одлучиле полските власти. Македонското Министерство за внатрешни работи доцна синоќа добило официјална информација дека Димов е пуштен на слобода
Сега ќе треба Интерпол Скопје од своите колеги во Варшава да побара официјално образложение за причините поради кои Владо Димов е пуштен на слобода. Во текот на денот МВР ќе го информира Министерството за правда за одлуката на полските власти, информираат од Мминистерството за внатрешни работи.Како што дознаваме, Димов е ослободен поради неговото бугарско државјанство, односно за него веднаш интервенирал бугарскиот конзул во Варшава, како за нивен државјанин. Димов беше уапсен на аеродромот во Варшава, каде чекал авионски лет со купен билет за Софија, а при поверката на патните исправи, се открило дека е баран со меѓунарона потерница.Поранешниот министер за здравство во понеделникот беше уапсен од страна на Интерпол. Тој бил приведен врз основа на потерница од македонското МВР, издадена на 25 март годинава, според која се бара по наредба на Основен суд Струмица за истрага за злоупотреба на службена должност. Димов, делото го сторил во 2005 г., додека бил министер за здравство. Тој се сомничи дека во 2005 г. спротивно на законот, односно без согласност на Министерството за финансии одобрил вработување на 17 лица, со што го оштетил Буџетот за повеќе од 2,5 милиони денари. Тој, исто така беше осомничен за повеќе набавки преку Фондот за здравство, а не беше достапен затоа што беше ангажиран во клиника во Истанбул. Против Димов беше подигнато обвинение за затајување данок во висина од 790 илајди денари. На Димов во 2007 г. му беше замрзнат имотот. Поранешниот министер, од Турција преку своите адвокати се жалеше на одлуката, но сепак, жалбата не беше доволна за да запре извршувањето. Владо Димов поседува три стана, а своевремено беше на врвот на листата на УЈП неплаќачи на данок. Веднаш откако се смени власта во државава, Димов замина за Турција, на специјализација, каде работи како хирург во престижна болница. Министерството за внатрешни работи ја потврди информацијата за неговото апсење.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Комбе удри пешак во Скопје, со тешки повреди е пренесен во болница
Вчера околу 14:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје, товарно возило „фолксваген кеди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(21) од Скопје, удрило во пешакот З.С.(56) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Старица паднала од автобус, па била прегазена
Вчера околу 12:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, автобус „мерцедес“, управуван од В.А.(56) од Скопје, ја прегазил преку нога 72-годишната А.Б. од Скопје, откако претходно паднала од автобусот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Б., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Топ
Во Белград уапсен Саит Саитов, кој прегази жена во Капиштец и избега
Министерството за внатрешни работи извести дека вчера биле информирани од надлежните служви во Србија дека во Белград е лишен од слобода Саит Саитов од Скопје, кој се бара со меѓународна потерница, распишана од македонското МВР, под сомнение за извршени тешки кривични дела „против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ и „неукажување на помош на лице повредено во сообраќајна незгода“, за кривично-правен настан кој се случи во Скопје на 09.01.2026.
На Саитов му е одреден екстрадициски притвор и следува постапка помеѓу министерствата за правда на двете држави, со цел негово екстрадирање во Македонија и изведување пред лицето на правдата и негово соодветно санкционирање.

