Црна хроника
Уапсени двајца бугарски државјани осомничени за криминал со платежни картици
Единицата за борба против компјутерски криминал при МВР до Основното Јавно обвинителство Скопје поднесла кривична пријава против бугарските државјани за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем” и за „соизвршителство” во врска со истото дело
Минитсерството за внатрешни работи соопшти дека истражниот судија на двајцата бугарски државјани, на 26 и на 29-годишна возраст им одредил мерка притвор во траење од триесет дена. Двјцата во текот на јул годинава, фалсификувале повеќе видови пластични магнетни картички, на кои на магнетната лента вметнале вистински податоци од платежни картички на странски државјани кои ги добиле нелегално. Преку банкомат на македонска банка на 29 и 30-ти јули, двајцата извршиле вкупно 30 нелегални трансакции, од кои 17 неуспешни во износ од 178.500 денари и 13 успешни нелегални трансакции со што се ограбиле 192.500 денари. По претходни оперативни сознанија на Единицата за борба против компјутерски криминал дека на подрачјето на Скопје престојуваат странски државјани кои вршат нелегални трансакции со фалсификувани платежни картици, биле преземени мерки за нивно пронаоѓање а на 30-ти јули тие биел лоцирани и во 1.30 часот по пполноќ полицијата ги привела на ул.”Македонија” во Скопје. Од извршените претреси на лицата и возилото со кое патувале пронајдени се вкупно 12 фалсификувани платежни картички и 196.480 денари. Постојат докази дека дел од пронајдените фалсификувани платежни картички се употребени на банкомати и на друга македонска, велат од МВР. Одделот за организиран криминал презема мерки и активности за утврдување и на други инволвирани лица и нивно санкционирање и утврдување на евентуална инволвираност на овие лица во претходни случаи на злоупотреба на фалсификувани платежни картички. Кога станува збор за овој вид криминал, во првите шест месеци од годинава откривањето на вакви случаи бележи значително зголемување од 36,8 проценти. За разлика од лани кога во првото полугодие биле откриени 19 кривични дела од областа на компјутерскиот криминал, годинава целосно се документирани се 29 кривични дела. Во овие дела значително зголемена е направената материјална штета која во првото полугодие достигна 19,5 милиони денари, додека истата лани изнесуваше 2,8 милиони денари. Единствено бројот на осомничени лица кои ги извршиле овие дела и кои за себе прибавиле противправна имотна корист е на слично ниво, односно во кривичните дела е утврдено дека биле инволвирани 34 осомничени лица, додека лани во документираните случаи биле пријавени 36 лица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Скопјанка со нож нападната од нејзиниот татко
На 02.03.2026 во 18:45 часот во СВР Скопје, 48-годишна жена од Скопје пријави дека околу 15:00 часот во семејниот дом на подрачјето на општина Аеродром била физички нападната од нејзиниот 79-годишен татко, кој со остар предмет и упатувал закани, при што сам се повредил од невнимателност.
Во 20:00 часот, според полицијата, 79-годишен маж од Скопје пријавил дека околу 15:00 часот во семејниот дом неговата ќерка насилно му го одзела мобилниот телефон, при што почнале меѓусебно да се туркаат, а неговиот зет физички го нападнал.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Загина жена од Злетово: ја прегазил „мерцедес“
Вчера во 15:33 часот во ОВР Пробиштип е пријавено дека на ул.„Пониква“ во Злетово, на место викано „Клапчово маало”, Р.З.(50) од с.Неокази, пробиштипско, управувајќи патничко возило „мерцедес“ со пробиштипски регистарски ознаки, удрил во пешакот З.А.(59) од с.Злетово, пробиштипско.
Од здобиените повреди на местото на несреќата починала З.А., а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.
По наредба на јавен обвинител, телото на почината е предадено на Судската медицина за обдукција.
Полицијата соопшти дека е извршен увид од увидна екипа на ОВР Пробиштип.
Црна хроника
Уапсен Турчин: во патничко возило превезувал пет лица мигранти
Вчера вечер во 23:00 часот на локалниот пат Гевгелија-Граничен премин Богородица, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гевгелија го лишија од слобода 46-годишниот Ф.С. од Република Турција.
При сообраќајна контрола, полициските службеници запреле патничко возило „дачија“ со албански национални ознаки, кое го управувал, при што во возилото биле затекнати пет лица мигранти, од кои четири лица од Авганистан и едно лице од Турција.
Лицето е приведено изадржано во Полициската станица Гевгелија, а по целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

