Црна хроника
Петмина загинати и пет повредени во тешка сообраќајна несреќа кај Удово
Пет лица загинаа и петмина се повредени во тешката сообраќајна несреќа што се случи во понеделник доцна попладнето на автопатот Демир Капија – Гевгелија во близина на селото Удово
До несреќата дошло при судир на патничко возило марка „фиат уно“ со велешки регистарски таблички и товарно возило со скопски регистарски ознаки. Во несреќата загинаа сите патници од патничкото возило и возачот на камионот.Двајца од повредените се пренесени во Скопје, двајца се задржани на лекување во велешката болница, а еден е пуштен на домашно лекување. Истражни екипи извршија увид на местото на несреќата. Додека траеше увидот патниот правец Демир Капија – Гевгелија беше затворен за сообраќај.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Мајка и дете загинаа по пад од зграда во скопски Карпош
Женско лице и нејзиното малолетно дете се пронајдени попладнево починати по пад од тераса во скопски Карпош.
Од Министерството за внатрешни работи го потврдија случајот без дополнителни детали.
„Денеска околу 14:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош од балкон од зграда се фрлиле женско лице и малолетно дете кои починале.
Полициски службеници се излезени на местото на настанот“, потврдија од МВР, најавувајќи повеќе детали по завршување на увидот.
Црна хроника
Скијач од Словенија повреден на Титов Врв
Вчера во 12:05 во СВР Тетово е пријавено дека на место викано „Бакардан“, во близина на „Титов Врв“, има повредено лице.
Според пријавеното, Ј.Р.(65) од Словенија паднал и се повредил при скијање.
Со ратрак служба е преземен и пренесен во Клинички центар Тетово каде му е укажана лекарска помош.
Црна хроника
Пукање во Чаир, од автомобил во движење испукани неколку куршуми
Вчера вечерв во 22:52 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Чаир во Скопје, од патничко возило во движење биле испукани неколку куршуми.
Повредени лица нема, а по преземени мерки полициски службеници од местото на настанот подигнале осум чаури.
Од МВР влеат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото/Depositphotos

