Црна хроника
Тетовец за долг ќе убиел сограѓанин
Тетовец се обидел да убие сограѓанин што му должел пари кај Градскиот стадион во Тетово, информира МВР
Али Ш. (51), вчера вечерта отишол во куќата каде, подоцна нападнатиот А.Ш. бил на гости. Тој го викнал А.Ш. надвор, со неговиот автомобил “форд сиера“ заминале кај Градскиот стадион во Тетово. Застанале да разговараат за долгот на А.Ш., но откако разговорот не вродил со плод, Али Ш. со нож го прободел неговиот должник во тилот.Нападнатиот успеал да се оттргне од рацете на Али Ш. и да избега од автомобилот. По неуспешниот обид да го убие А.Ш. со нож, Али Ш. зел пиштол и пукал кон него, додека тој бегал подалеку од автомобилот.Повредениот тетовец успеал да стигне до тетовската болница каде му ја санирале повредата, по што го пријавиле случајот во полиција.Напаѓачот е приведен во тетовска полицијата и против него ќе биде поднесена пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Мајка и дете загинаа по пад од зграда во скопски Карпош
Женско лице и нејзиното малолетно дете се пронајдени попладнево починати по пад од тераса во скопски Карпош.
Од Министерството за внатрешни работи го потврдија случајот без дополнителни детали.
„Денеска околу 14:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош од балкон од зграда се фрлиле женско лице и малолетно дете кои починале.
Полициски службеници се излезени на местото на настанот“, потврдија од МВР, најавувајќи повеќе детали по завршување на увидот.
Црна хроника
Скијач од Словенија повреден на Титов Врв
Вчера во 12:05 во СВР Тетово е пријавено дека на место викано „Бакардан“, во близина на „Титов Врв“, има повредено лице.
Според пријавеното, Ј.Р.(65) од Словенија паднал и се повредил при скијање.
Со ратрак служба е преземен и пренесен во Клинички центар Тетово каде му е укажана лекарска помош.
Црна хроника
Пукање во Чаир, од автомобил во движење испукани неколку куршуми
Вчера вечерв во 22:52 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Чаир во Скопје, од патничко возило во движење биле испукани неколку куршуми.
Повредени лица нема, а по преземени мерки полициски службеници од местото на настанот подигнале осум чаури.
Од МВР влеат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото/Depositphotos

