Црна хроника
Прванов се заблагодари за помошта и најави заедничка истрага
По разговорите на кои траеја повеќе од еден час македонскиот претседател Иванов и неговиот бугарски колега Прванов, вечерва на охридскиот аеродром одржаа прес-конференција. Во меѓувреме, преживеаните заминаа дома со авионот што по нив ги прати бугарската влада
Имаме полна соработка со официјалните органи на Република Македонија околу истрагата за утврдување на причините на несреќата во Охрид во која загинаа 15 бугарските граќани“, изјави бугарскиот претседател Георги Прванов вечерва на охридскито аеродромПрванив се заблагодари на сите македоснки граѓани како и на сите макеоднски државни институции за пружената помош при несреќата и спасувањето и евакуацијата на настраданите.Како првична можна причина за несреќата, бугарскиот претседател посочи дека е можна да се работи за технички проблем во упраувањето на бродот. Прванов најави дека во Македонија веќе е пристигнат бугарски експерт кој заедно со македонските власти ќе работи на утврдување на точните причини за несреќата а дека бугарски државен обвинител ќе води паралелна истрага. Од страна на македонските власти и Претседателот Ѓорге Иванов, на бугарскиот претседател му е предаден филм со подводните смнимки што ги направиле македонските органи кој ќе биде предмет на тамошните истражни органи.Инаку во Охрид веќе пристигнаа и хрватските експерти кои ќе помагаат во истрагата која продолжува во недела.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Исчезна Турчинка која престојувала во хотел во Скопје
Вчера во 23.00 часот во Полициската станица Бит Пазар, Е.Б.(34) од Република Турција пријавила дека нејзината мајка А.П.О.(73) од Република Турција се оддалечила од хотел во Скопје каде престојувала.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Скопјанец натепал скопјанка во Карпош, а потоа агресивно се однесувал и со полицајците
Вчера во 11.20 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го привеле К.Л.(41) од Скопје, затоа што физички ја нападнал О.Л.(39) од Скопје, а потоа агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Оштетил паркирано возило, врата и инвентар во кафеана, такси-возило: кривична против маж од Делчево
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против В. А. (36) од Делчево.
Тој се сомничи за сторено кривично дело насилство.
На 8.5.2024 пријавениот оштетил влезна врата и друг инвентар во угостителски објект, се обидел да оштети стакло од возачка врата на такси-возило, во обложувачница оштетил врата од наплатниот пулт, по што оштетил возило паркирано пред Територијалната противпожарна единица и физички нападнал двајца вработени.