Црна хроника
Полицијата и натаму го обезбедува местото на несреќата
Иако извлекувањето заврши пристапот за новинарите во езерото забрането
Иако извлекувањето на загинатите лица и делови од бродот вчера заврши, специјални полициски единици и натаму го обезбедува делот од Охридското езеро кај кампот Елешец каде потона бродот „Илинден “.Денеска неколку македонски и странски, најмногу бугарски новинарски екипи беа вратени од местото на несреќата, во водениот дел каде се наоѓа потонатиот брод.Вчера бугарскиот претседател Прванов соопшти дека од македонска страна му биле предадени снимени материјали на кои ќе работи бугарскиот државен обвинител.Се претпоставува дека забраната за пристап од страна на македонското МВР е поради очекувањето дека во истрагата треба да се вклучат и хрватски и бугарски специјалисти.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Исчезна Турчинка која престојувала во хотел во Скопје
Вчера во 23.00 часот во Полициската станица Бит Пазар, Е.Б.(34) од Република Турција пријавила дека нејзината мајка А.П.О.(73) од Република Турција се оддалечила од хотел во Скопје каде престојувала.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Скопјанец натепал скопјанка во Карпош, а потоа агресивно се однесувал и со полицајците
Вчера во 11.20 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го привеле К.Л.(41) од Скопје, затоа што физички ја нападнал О.Л.(39) од Скопје, а потоа агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Оштетил паркирано возило, врата и инвентар во кафеана, такси-возило: кривична против маж од Делчево
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против В. А. (36) од Делчево.
Тој се сомничи за сторено кривично дело насилство.
На 8.5.2024 пријавениот оштетил влезна врата и друг инвентар во угостителски објект, се обидел да оштети стакло од возачка врата на такси-возило, во обложувачница оштетил врата од наплатниот пулт, по што оштетил возило паркирано пред Територијалната противпожарна единица и физички нападнал двајца вработени.