Црна хроника
Бугарија отвара сопствена истрага за несреќата

Канцеларијата на јавниот обвинител на Бугарија синоќа покренала сопствена истрага за трагичната несреќа на Охридското езеро во која загинаа 15 бугарски државјани во саботата наутро.
Информацијата, што ја пренесува Софија морнинг њуз, била соопштена од Камен Михов, од канцеларијата на јавното обвинителство.Оваа истрага би била надвор од онаа што веќе ја спроведуваат македонските власти, а во која се вклучени и бугарски експерти. Иако не се обврзани македонските истражни органи дозволија во истрагата за утврдување на причината поради која бродот Илинден потона во водите на Охридското езеро да присуствуваат и тројца бугарски експерти за пловидба. Бугарски лекари и професори по судска медицина ги набљудуваа и обдукциите на 15-те тела што ги изврши Институтот за судска медицина во Скопје.Информации за текот на истрагата постојано се доставуваат и до политичкиот врв на Бугарија.Бугарската истрага најверојатно би се концентрирала околу фирмата која ги превезувала и донела бугарските туристи во Македонија, со оглед дека бугарските власти веќе јавија оти се работи за агенција која не поседува лиценца за тур оператор.Досега, македонските истражни органи покренаа кривична пријава за капетанот и сопственик на бродот Сотир Филески кој е во 30 дневен притвор. Синоќа до МВР и истражен судија првичен извештај поднесе и охридската Капетанија. Не е исклучено, според извори на forum.com.mk, кривични пријави да добијат и договорни лица од Министерството за транспорт и врски и од Капетанијата, кои требале да вршат редовни контроли за пловните објекти во државата.Миле Јанакиевски, министерот за транспорт и врски во саботата веднаш по веста за бродската несреќа си поднесе оставка од морани причини. Според владини извори, неговата оставка најверојатно нема да биде прифатено со оглед дека нема директна одговорност на министерот, а се работи и за еден од најуспешните министри во македонската влада.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
60-годишен кумановец загина во експлозија на плинска боца

Вечерва во 20.23 часот во СВР Куманово било пријавено дека во куќа на улицата “Ѓорче Петров” во Куманово настанал пожар од експлозија на плинска боца.
Притоа, од експлозијата починал сопственикот Л.Д.(60) од Куманово.
Смрт констатирал лекар, а увидот е во тек.
Црна хроника
Одземени возила што биле користени во „диви“ трки во Скопје

На 17.03.2025 од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје привремено се одземени четири патнички моторни возила: „мерцедес“, „ауди“, „шевролет“ и „ форд мустанг“ поради учество во т.н. „диви“ трки на бул. „Трета Македонска бригада“ во Скопје.
По дополнително преземени мерки и извршени проверки во станица за технички преглед, две од овие возила се времено одземени по член 344 став 3 од Законот за безбедност на патниот сообраќај во времетраење од 90 дена, односно затоа што создавале голема бучава.
Исто така, против двајца возачи на другите две патнички моторни возила поднесени се прекршочни платни налози за техничка исправност и вградени фолии, соопшти полицијата.
Црна хроника
Пронајдени речиси 10.000 пиротехнички средства на Бит-пазар, лишено од слобода едно лице

Полициски службеници од СВР Скопје на подрачје на Бит Пазар го лишија од слобода Б.Д. (53) од Скопје.
При постапување по претходно изготвен план, на импровизирана тезга на Бит Пазар, пронајдени и одземени се околу 10.000 парчиња разновидни пиротехнички средства, наменети за продажба.
По консултација со надлежен јавен обвинител, лицето е задржано за понатамошна постапка и по комплетирање на целокупната документација ќе биде поднесена соодветна кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје.