Црна хроника
Спорни 16 точки од првата подводна снимка, вадењето одложено
Во водите на Охридското Езеро кај Елешец во тек е дополнително подводно снимање на потонатиот брод „Илинден“. Најмалку до среда не се очекува водење на остатоците од „Илинден“
На барање на хрватските експерти се преснимуваат 16 точки на трупот на бродот што дополнително ќе бидат обработувани за да се утврди причината за несреќата и завршната екпертиза. Од овие причини вадењето на бродот кое беше закажано за утрово беше одложено и засега не се знае кога бродот ќе биде извлечен. Првите снимки биле направени одблиску и не одговарале на процедурата на истрагата што ќе ја вршат хрватските експерти. Не се соопштува ниту техниката за вадење како и фирмата која тоа треба да го спроведе. Само се претпоставува дека тоа ќе бидат хрватските експерти кои имаат големо искуство во вакви операции.Како термин за вадење на остатоците на „Илинден“ се споменува среда, но тоа не е дефинитивно одлучено.Причините за тоа се зашто при поместување на трупот на бродот состојбата ќе биде изменета. Односно елементите од подводното снимање и работата на експертите ќе биде искористена во истрагата, можно подигнување на обвинение и евентуален судски процес.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Уапсен Турчин: во патничко возило превезувал пет лица мигранти
Вчера вечер во 23:00 часот на локалниот пат Гевгелија-Граничен премин Богородица, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гевгелија го лишија од слобода 46-годишниот Ф.С. од Република Турција.
При сообраќајна контрола, полициските службеници запреле патничко возило „дачија“ со албански национални ознаки, кое го управувал, при што во возилото биле затекнати пет лица мигранти, од кои четири лица од Авганистан и едно лице од Турција.
Лицето е приведено изадржано во Полициската станица Гевгелија, а по целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Топ
Мајка и дете загинаа по пад од зграда во скопски Карпош
Женско лице и нејзиното малолетно дете се пронајдени попладнево починати по пад од тераса во скопски Карпош.
Од Министерството за внатрешни работи го потврдија случајот без дополнителни детали.
„Денеска околу 14:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош од балкон од зграда се фрлиле женско лице и малолетно дете кои починале.
Полициски службеници се излезени на местото на настанот“, потврдија од МВР, најавувајќи повеќе детали по завршување на увидот.
Црна хроника
Скијач од Словенија повреден на Титов Врв
Вчера во 12:05 во СВР Тетово е пријавено дека на место викано „Бакардан“, во близина на „Титов Врв“, има повредено лице.
Според пријавеното, Ј.Р.(65) од Словенија паднал и се повредил при скијање.
Со ратрак служба е преземен и пренесен во Клинички центар Тетово каде му е укажана лекарска помош.

