Црна хроника
Софија нема да покрене обвинение додека бродот „Илинден “ не биде извлечен
На Средбата кај Шврговски заменикот – бугарски обвинител Ситнилски бил дециден дека од бугарска страна нема да биде покренато обвинение додека бродот „ Илинден “ не биде извлечен и анализиран.
Иако заменикот на бугарскиот државен обвинител изрази јавно задоволство од соработката со државните органи на Република Макеодонија, резервата од бугарска страна доаѓа по барањето на хрватските експерти за дополнително подводно снимање на трупот на бродот.На македонско – бугарската координација на обвинителско ниво кај Швргоски договорно е и деновиве да биде потпишан соодветен документ за соработка меѓу двете држави од причини што Бугарија е членка а Република Македонија не е членка на ЕУ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Турски државјани уапсени поради шверц на мигранти
Полициски службеници денеска ги лишиле од слобода С.А.О. (35) и К.Х. (32), двајцата државјани на Република Турција, поради сомнение за сторено кривично дело криумчарење мигранти, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Околу 02:30 часот, на автопатот Гевгелија–Скопје, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица сопреле патничко моторно возило „шкода октавија“ караван, со скопски регистарски ознаки, сопственост на рент-а-кар компанија, управувано од С.А.О., при што како сопатник во возилото се наоѓал К.Х.
При извршениот преглед на возилото, биле пронајдени четири илегални мигранти од Египет, на возраст од 15 до 35 години.
По наредба на јавен обвинител, двете лица се задржани во Полициската станица Гевгелија, додека мигрантите се сместени во Прифатно-транзитниот центар „Винојуг“.
По целосно документирање на случајот, против осомничените ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Црна хроника
Истрага против четири лица за пронајдени дрога и оружје во Брвеница
Тетовското обвинителство поведе истражни постапки против вкупно 4 лица по оретресите во Брвеница, во кои беше пронајдена наркотична дрога и оружје.
Тројца од нив се осомничени за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи од член 396 од Кривичниот законик.
Така, кај еден осомничен биле пронајдени пиштол со 2 куршуми во рамка и уште 20 куршуми за автоматска пушка. Кај друг осомничен полицијата пронашла 55 куршуми, oд кои 53 куршуми боева муниција забранета за граѓаните, додека кај третиот бил пронајден пиштол без шаржер.
Четвртото лице кај себе држело 3,15 грама кокаин во моментот на претресот, поради што му е поведена истрага за – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 од Кривичниот законик.
По краткотрајниот 48-часовен притвор за обезбедување докази, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Тетово достави предлог за определување мерка притвор за тројца осомничени, додека за еден се предложени мерки на претпазливост.
Црна хроника
Со џип му го пресекол патот и му се заканувал со пиштол: драма во Скопско
На 29.01.2026 околу 15:00 часот во СВР Скопје, Н.М.(43) од с. Долно Свиларе, скопско, пријавил дека околу 11:15 часот во с.Долно Свиларе, додека се движел со патничко возило, му бил пресечен патот од возило „џип“, управувано од Р.Н..
Тој излегол од возилото и му се заканувал со пиштол на пријавителот.
Полицијата информира дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

