Црна хроника
Киднапиран син на член на Нова демократија
Киднапиран е синот на членот на партијата на Имер Селмани, Фатмир Етеми, јави телевизија А1 а потврди Министерството за внатрешни работи
Според првите сознанија на полцијата, деветгодишното момче било грабнато во попладневните часови, на улицата Џон Кенеди близу стадионот во скопската населба Чаир. Очевидци изјавиле дека киднаперите кои според нив биле тројца, детето го ставиел во автомобил „фиат“ со бела боја и без регистерски таблички.МВР соопшти дека води интензиван истрага бидејчи има сведоци кои рекле дека автомобилот се упатил кон населбата Бутел. Исто така, алармирани и се и блокирани сите гранични премини, а се водат разговори со родителите, со очевидци и други лица од кои може да се соберат сознанија за идентитетот на грабнувачите на детето.Фатмир Етеми поранешен пратеник од ДПА, на последните локални избори беше кандидат за градоначалник на Општина Чаир, кандидиран од партијата Нова демократија.Во јули 2002 г. пред семејната куќа на Етеми, тогаш пратеник на ДПА, од автомобил во движење беше фрлена бомба. Тој тогаш изјави дека ги знае напаѓачите, но не ги кажува во интерес на истрагата. Според Етеми, тоа се дела од структури кои се блиски на одредени парти, алудирајќи на припадници на ОНА и на ДУИ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Пронајдени и одземени 220 таблети во пакет за осуденик во затворот Идризово
На 11 јануари 2026 година во 15:00 часот во СВР Скопје, од Казнено-поправна установа Затвор Идризово било пријавено дека околу 12:30 часот, при извршен претрес на пакет наменет за осудено лице А.Н. (39) од Скопје, биле пронајдени и одземени 220 таблети.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Инцидент во трговски центар: две жени меѓусебно се пријавиле за физички напад
На 11 јануари 2026 година во 13:10 часот во СВР Скопје, С.К.П. (41) пријавила дека околу 12:20 часот во трговски центар на подрачјето на Центар била физички нападната од М.Д. (56).
Според пријавата, со М.Д. било и едно машко лице кое ја снимало С.К.П. со мобилен телефон.
Од полицијата информираат дека и М.Д. поднела пријава, во која навела дека била физички нападната од С.К.П.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повреден 70-годишник во пожар во куќа во виничко Блатец
На 11 јануари 2026 година во 12:04 часот во ОВР Виница било пријавено дека во село Блатец, околу 11:50 часот, настанал пожар во куќа и помошна просторија – работилница, сопственост на М.Д. (70) од истото село.
Како што информира полицијата, сопственикот се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итната медицинска помош од Виница бил пренесен во Општа болница Кочани за укажување лекарска помош.
Пожарот бил изгаснат од екипи на Територијалната противпожарна единица Виница и Територијалната противпожарна единица Кочани.

