Контакт

Топ

21 уапсен во полициска акција во четири скопски населби, запленети дрога и автомобили

Објавено пред

Полицијата заплени поголема количина дрога, пари, автомобили и мобилни телефони во акцијата која ја спроведува во соработка со Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција од утрово во Грчец и Гази Баба, но и Чаир и Сингелиќ, велат извори од истрагата.

dobivaj vesti na viber

Досега се уапсени 21 лице, кои се наоѓаат во полициска станица. Претресите и заплените се направени во десетици куќи во овие четири скопски населби.

Уапсените ќе бидат предадени на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, по што, ќе бидат спроведени во кривичниот суд. Неофицијално, ќе се бараат и притвори за дел од осомничените.

Во акцијата беа вклучени специјалните единици на МВР, а станува збор за сузбивање на поголема група на луѓе кои се товарат за сериозен криминал меѓу што и нелегално тргување со дрога. Со оглед дека акцијата и натаму трае, детали за истата се најавуваат по нејзиното завршување.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

(Видео) Израелската армија упадна во бродот на Грета Тунберг

Објавено пред

Израелските сили пресретнаа брод со хуманитарна помош што пловел кон Газа, на кој биле активистката за климатски промени Грета Тунберг, актерот од „Игра на тронови“ Лиам Канингем и француската европратеничка Рима Хасан. Сите беа задржани и однесени во Израел.

dobivaj vesti na viber

Коалицијата „Фридом Флотила“ (FFC) претходно објави дека израелската војска се качила на бродот „Мадлин“, кој се обидувал да достави помош во Газа. Во енклавата, 2,1 милиони луѓе се соочуваат со сериозна криза со глад по повеќе од 600 дена војна и 11-неделна целосна блокада на помошта, објави Си-ен-ен.

Израелското Министерство за надворешни работи објави во понеделник наутро (локално време) дека бродот „безбедно се движи кон израелскиот брег“ и дека се очекува патниците да се вратат во своите матични земји.

„Дронови кружат околу бродот, испуштаат бела супстанца“
Видео споделено на социјалните мрежи го прикажува екипажот на бродот, облечен во портокалови елеци за спасување, како седи еден до друг додека војник им подава вода и сендвичи. Грета Тунберг седи близу до предниот дел од групата.

Коалицијата „Фридом Флотила“ претходно објави на Телеграм дека бродот бил „нападнат во меѓународни води“.

„Дронови кружат околу бродот, испуштајќи бела супстанца слична на боја. Врската е изгубена и се емитуваат вознемирувачки звуци преку радио“, се вели во нивната објава. Израелското Министерство за надворешни работи објави видео од морнар кој му кажува на екипажот на бродот преку радио дека „морската зона покрај брегот на Газа е затворена“.

Коалицијата, исто така, објави видео на Телеграм на кое се гледаат членови на екипажот како седат во бродот со кренати раце.

Откако комуникацијата со бродот беше изгубена, Коалицијата почна да објавува однапред снимени пораки од активисти, вклучувајќи ја и Грета Тунберг. „Ако го видите ова видео, бевме пресретнати и киднапирани во меѓународни води од страна на израелските окупаторски сили или сили што ги поддржуваат“, рече Тунберг во својата порака.

Израел повеќе пати повтори дека нема да дозволи бродот да стигне до Газа и го нарече бродот „селфи јахта“ со „познати личности“.

„Им наложив на израелската војска да го спречат бродот ‘Мадлин’ да стигне до Газа“, изјави во неделата министерот за одбрана Израел Кац.

Откако екипажот беше задржан, портпаролот на министерот Кац изјави дека на војската ѝ било наредено да им покаже на активистите снимки од нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година, веднаш по нивното пристигнување во пристаништето Ашдод.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Жестоки руски напади во западна Украина, Полска ги подигна воените авиони

Објавено пред

Полските и сојузничките авиони беа активирани рано утрово за да ја обезбедат безбедноста на полскиот воздушен простор откако Русија започна воздушни напади насочени кон западна Украина, близу до полската граница, соопшти Оперативната команда на полските вооружени сили.

dobivaj vesti na viber

„Преземените чекори имаат за цел да ја обезбедат безбедноста во регионите што се граничат со ризични зони“, соопшти Командата на Икс.

Цела Украина беше под тревога за воздушен напад од 2 часот наутро во понеделник откако украинските воздухопловни сили предупредија за напади од руски ракети и беспилотни летала.

Во Ривне, град во северозападна Украина, далеку од фронтовските линии, беа пријавени повеќе експлозии во услови на нов бран напади со беспилотни летала и ракети.

Масовниот напад доаѓа само неколку дена откако Русија лансираше 452 беспилотни летала и 45 ракети врз украински цели во ноќта на 6 јуни – што се смета за еден од најголемите воздушни напади од почетокот на војната. Кремљ вели дека нападот бил одговор на украинската операција „Пајакова мрежа“, во која беспилотни летала нападнаа руски стратешки авиони.

Украинските воздухопловни сили издадоа воздушни предупредувања во неколку региони во текот на ноќта на 8 и 9 јуни, предупредувајќи за заканата од балистички ракети и беспилотни летала „Шахед“.

Експлозии беа пријавени во Киев, како и во Ривне.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Фото+видео) Мицкоски: Извесно е дека градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ ќе победат, има шанси СДСМ да остане без ниту една општина

Објавено пред

Следните избори, и локалните, но и следните парламентарни, две основни работи ќе бидат важни – првата ќе биде борбата против криминалот и корупцијата и втората е испорака на реформи, ниту СДСМ ниту ДУИ ниту било кој од опозицијата има капацитет и за борба против криминалот и корупцијата и за испорака со реформи, рече премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на Конференцијата на Унијата на млади сили на партијата што денеска се одржува во Велес.

dobivaj vesti na viber

Кажете ми која реформа ја испорачаа од ДУИ и од СДСМ, дали се сеќавате на една реформа којашто тие ја испорачаа, јас не можам да се сетам. Ако е реформа оние сега пропаднати фабрики за марихуана, фудбалчиња на црвените персиски килими, распродажба на се што со крв е платено од генерациите пред нас, тогаш да, им признавам направија реформи. Но тоа не е реформа, тоа е срам и ако играат на картата на кратко помнење на народот се лажат. Народот точно знае што правеше СДСМ и ДУИ изминатите седум години и нема да има повеќе простор и нема да има повеќе шанса“, истакна Мицкоски.

Според него, победата на локалните избори е веќе извесна.

Сосема извесно е дека градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ ќе победат и дека има шанси СДСМ да остане и без ниту една освоена општина. Тоа за мене потврда за огромната поддршка од народот, но и огромна одговорност што значи дека мора да се има отчетност, да не се заборават вредностите кои ги имаме и ветивме на народот. Но и да се продолжи да се работи со несмалено темпо. Обврската која ја добивме од граѓаните пред се значи одговорност, која не се гледа само во начинот на кој се води политиката, туку и според начинот на кој се однесуваме во секојдневието. Секој еден функционер треба да има на ум дека народот живее тешко и дека мора одговорно да се однесува секој од владата кон секој еден народен денар со кој управуваме“, вели премиерот Мицкоски.

Тој порача дека опозицијата е уплашена „затоа што знаат дека оваа генерација, оваа Влада на ВМРО ДПМНЕ и коалицијта во изминатите година дена не цели, врати голем дел од позициите на меѓународен план, тоа што овие од СДСМ го продадоа“.

Денеска, со гордост ја раскажуваме нашата приказна за Македонија и во Минхен, победуваме и во Берлин и во Лондон и во Брисел, и Вашингтон зборуваме за нашата Македонија. Тоа ги боли. Затоа што се кукавици, затоа што знаат што направија и затоа што знаат какви шајки коваа на рацете на македонскиот идентитет. А ние го враќаме, тоа го враќаме. Ќе се броиме целосно да го вратиме, не знам дали ќе успее оваа генерација, но знам , дека ќе оставиме на вас на генерациите кои што доаѓаат, подлога да сето ова кои што овие од СДСМ го распродадоа, достоинствено со крената глава гордо го вратите, за Македонија и македонските граѓани“, нагласи премиерот.

Позади нас се денови, рече Мицкоски, кога се боревме во Брисел, да биде усвоена резолуцијата со која што се зборува за прв пат од осамостојувањето на нашата татковина, за посебен македонски вековен идентитет

Кога не гледаа како се бориме, молеа бога да не успееме, кога гледаа како аргументираме, како на маса ја добиваме битката се молеа да не успееме. Им олесна, кога бриселските политичари одлучија извештајот да го поместат наместо пред неколку дена на 24 јуни овој месеци. Но нема бегање. Тој извештај ќе биде усвоен затоа што цела Европа и Брисел знаат за вековниот посебен македонски идентитет. И тоа ќе го поддржат, за македонскиот јазик кој што е факт“, потенцира премиерот.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет17 минути

(Видео) Израелската армија упадна во бродот на Грета Тунберг

Израелските сили пресретнаа брод со хуманитарна помош што пловел кон Газа, на кој биле активистката за климатски промени Грета Тунберг,...

Европа44 минути

(Видео) Жестоки руски напади во западна Украина, Полска ги подигна воените авиони

Полските и сојузничките авиони беа активирани рано утрово за да ја обезбедат безбедноста на полскиот воздушен простор откако Русија започна...

Македонија9 часа

(Фото+видео) Мицкоски: Извесно е дека градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ ќе победат, има шанси СДСМ да остане без ниту една општина

Следните избори, и локалните, но и следните парламентарни, две основни работи ќе бидат важни – првата ќе биде борбата против...

Македонија16 часа

Предлогот Азир Алиу да биде министер за здравство утре пред пратениците, Владата од него очекува макотрпна работа и посветеност

Собранието утре треба да го разгледа владиниот предлог Азир Алиу да биде министер за здравство. Во биографијата пишува дека Алиу...

Македонија17 часа

(Видео) Митева: Одморалиштето Пониква се става на располагање за рехабилитација на повредените од Кочани

Владата во текот на следната недела ќе донесе одлука со која одморалиштето Пониква, кое е во сопственост на Министерството за...

Македонија18 часа

(Видео) Петрушевски: 9 милиони евра завршиле во фирма на Заев од Бугарија блиска до Филипче за ископ на јаглен во време на СДС

Огромни суми на пари, кои се бројат во десетици милиони евра, од продажбата на јаглен на ЕСМ завршувале на сметки...

Македонија18 часа

(Видео) Кузеска: Масовна и груба партизација, објавуваме список за 50 партиски вработувања во РЕК Осломеј

Владата на ВМРО-ДПМНЕ спроведува масовна, бртутална партизација на институциите преку нова серија вработувања со партиски списоци, рече денеска на прес-конференција,...

Македонија20 часа

(Видео) Аврамовски: Наместо пари за питијади и ајваријади, општините да инвестираат во повеќе јавни паркинзи, зеленило и подобри услови во градинките и училиштата

Либерално-демократската партија (ЛДП) упатува јавен повик до општините ширум државата: да престанат со расфрлање на јавните средства за еднодневни настани...

Свет21 час

(Видео) Силен украински напад врз Москва: гори фабрика, затворени се аеродроми

Украинскиот напад со беспилотни летала врз Москва доведе до затворање на два клучни аеродроми што го опслужуваат главниот град, соопштија...

Свет21 час

(Фото) Трамп испраќа 2.000 војници од Националната гарда во Лос Анџелес поради демонстрантите

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека ќе испрати 2.000 војници од Националната гарда во Лос Анџелес по вториот...

Свет23 часа

Колумбискиот претседателски кандидат Мигел Урибе застрелан на изборен настан

Колумбискиот претседателски кандидат Мигел Урибе се бори за својот живот во болница откако беше застрелан во Богота. 39-годишниот сенатор, кој...

Македонија23 часа

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло, од утре засилен северен ветер, пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер...

Македонија2 дена

(Видео) Митева: Нов канал за директна комуникација со повредените во трагедијата во Кочани – 070 355 526

Од понеделник (9 јуни), Владата воспоставува директна телефонска линија – 070 355 526 за повредените во трагедијата во Кочани и...

Македонија2 дена

ИЈЗ издаде препораки за заштита од високите температури

Институт за јавно здравје повикува на почитување на мерките на заштита и претпазливост за време на високи амбиентни температури. „Кога...

Свет2 дена

(Видео) „Харков моментално го доживува најсилниот напад од почетокот на војната“ – најмалку тројца загинати, 22 повредени

Русија го нападна источниот украински град Харков со беспилотни летала, ракети и бомби, при што загинаа најмалку три лица, а...

Економија2 дена

ВМРО-ДПМНЕ: Kланот Заеви и Филипче преку шема на фирми препродавале јаглен на ЕСМ трипати поскапо и профитирале

Во време на ковид пандемија и енергетска криза Заев и Филипче се богателе врз грбот на граѓаните кои плаќаа драстично...

Свет2 дена

ЕУ се согласи да го зголеми времето на доцнење на летовите пред патниците да добијат надомест

ЕУ земјите се согласија да го зголемат времето на доцнење на авионските летови што е потребно за патниците да имаат...

Македонија2 дена

Невреме во Скопје: паднати дрвја, поплавени улици, заглавени возила кај „Мавровка“

Поплавени улици, паднати дрвја и пречки во сообраќајот во Скопје по денешното силно невреме проследено со пороен дожд, град и...

Свет3 дена

(Видео) Снимки од рускиот напад врз Киев: Уништени згради и други објекти, илјадници цивили поминале часови во засолништа

Русија рано утрово започна масовен напад со беспилотни летала и ракети врз Киев и други делови од Украина. Се чини дека...

Топ3 дена

Уапсен малолетникот кој избоде маж пред џамија во Студеничани

МВР го расчисти вчерашниот обид за убиство што се случи пред џамија во скопско Студеничани и го уапси осомничениот 16-годишник....