Црна хроника
Пронајден машки труп во битолската река Драгор
Пронајден е машки труп на возраст од околу 50 години утрово во 01.10 часот во водите на битолската река Драгор.Од извршеното препознавање заради утврдување на идентитетот на починатиот, констатирано е дека се работи за лицето Живко Солаковски, 51 година, жител на Битола
„Веднаш по приемот на пријавата, на местото на настанот излезе увидна екипа од Одделението за криминалистичка техника и општ криминал при СВР-Битола. При тоа констатирано е дека во водите на реката Драгор пронајден е труп на непознато машко лице на возраст од 50-тина години, силно развиен, висок околу 180 см, со побелена коса, а бил облечен во црни фармерки, шарена маица и црна виндјакна. На нозете носел црни сандали“, изјави Ѓоко Стрезоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи во Битола.Лекар од службата за итна медицинска помош кај трупот констатира смрт, а од страна на истражен судија издадена е наредба за вршење на патоанатомска обдукција, по што телото на починатиот е пренесено во одделот за судска медицина во Клиничката болница во Битола.СВР-Битола работи на утврдување на причините за настапувањето на смртта, со цел настанот да се документира и целосно да се расветли.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Со ловечка пушка се заканувал на вработена во адвокатска канцеларија
ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Ф.Б.(47) од кичевското село Туин поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“.
На 21.01.2026 пред адвокатска канцеларија во Кичево, тој со ловечка пушка се заканувал на вработена во канцеларијата. По преземени мерки, тој бил пронајден и лишен од слобода.
Црна хроника
Го нападнал синот во Струшко
Вчера во 18:30 часот во ОВР Струга било пријавено дека Џ.А. во семејниот дом во струшко село физички го нападнал неговиот син.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
(Фото) Претрес во Гостивар, пронајдена дрога, уапсен 69-годишник
Вчера во 15:30 часот на улицата „Шуматовска“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода 69-годишниот Ј.Џ. од Гостивар.

При преглед кај него и во патничкото возило „фолксваген пасат“ со гостиварски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени три пакувања со кафеава прашкаста материја.

Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во неговата куќа и помошни простории во Гостивар, при што биле пронајдени и одземени три ќеси со кафеава прашкаста материја.

Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

