Црна хроника
Во Гостиварско запленети 80 килограми марихуана
Граничната полиција пресретнала група шверцери кои пренесувале марихуана натоварена на коњ. Лицата избегале, а оставиле коњ натоварен со торби во кои имало повеќе од 80 килограми спакувана марихуана
Според Министерството за внатрешни работи, патрола од Полициската станица за обезбедување на државната граница Маздрача, во неделата околу 16 часот и 30 минути во непосредна близина на гостиварското село Ѓурѓевиште, во месноста „Ѓурѓевишки костени“, пресретнала група непознати лица, која на коњи се движела на тој простор. Откако ја забележале патролата, непознатите избегале во спротивната насока, оставајќи зад себе еден коњ со самар. На него имало три големи црни торби и две најлонски ќесиња во кои имало повеќе парчиња облека и обувки.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Го нападнал синот во Струшко
Вчера во 18:30 часот во ОВР Струга било пријавено дека Џ.А. во семејниот дом во струшко село физички го нападнал неговиот син.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
(Фото) Претрес во Гостивар, пронајдена дрога, уапсен 69-годишник
Вчера во 15:30 часот на улицата „Шуматовска“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода 69-годишниот Ј.Џ. од Гостивар.

При преглед кај него и во патничкото возило „фолксваген пасат“ со гостиварски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени три пакувања со кафеава прашкаста материја.

Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во неговата куќа и помошни простории во Гостивар, при што биле пронајдени и одземени три ќеси со кафеава прашкаста материја.

Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.
Топ
Гостиварец пронашол кинески гранати под карпа покрај река
Во ОВР Гостивар вчера во 16:20 часот В.В. од Гостивар пријави дека на потегот помеѓу с. Трново и с. Железна Река, под карпа покрај реката, пронашол четири експлозивни направи.
Стручна екипа од МВР ги подигнала четирите гранати од кинеско производство за понатамошно вештачење и расчистување на случајот.

