Црна хроника
Грчки камион усмрти пешак кај Богородица
Во неделата околу 3 часот наутро на регионалниот пат Смоквица–Граничен премин Богородица кај месноста Вардарски рид, се случила сообраќајна незгода во која грчки камион усмрти пешак, а тешко повреди друг
Камионот „Сканија“ со грчка национална ознака, управуван од грчки државјанин, удрил во 56-годишен маж кој починал веднаш и во 32-годишен маж исто така жител на селото Богородица, Гевгелиско, кој се здобил со тешки повреди. Тој бил пренесен во Медицинскиот центар во Гевгелија каде што е задржан на понатамошно лекување. Увид на лице место извршиле истражен судија, јавен обвинител и екипа од полицијата од Гевгелија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Гостиварец пронашол кинески гранати под карпа покрај река
Во ОВР Гостивар вчера во 16:20 часот В.В. од Гостивар пријави дека на потегот помеѓу с. Трново и с. Железна Река, под карпа покрај реката, пронашол четири експлозивни направи.
Стручна екипа од МВР ги подигнала четирите гранати од кинеско производство за понатамошно вештачење и расчистување на случајот.
Црна хроника
Со автобус удрил во кабина на Граничниот премин Долно Блаце
Синоќа во 23:55 часот во СВР Скопје е пријавено дека на Граничниот премин Долно Блаце, на излез од државата, И.Ф.(40) од Р.Косово, управувајќи автобус со косовски национални ознаки, удрил во кабина.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје, при што на И.Ф. не му е дозволен излез од државата, односно му биле одземени документите за понатамошна постапка, информира МВР.
Црна хроника
14-годишник управувајќи четирицикл излетал од патот во Кичевско
Вчера во 16:30 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на локалниот пат с.Зајас- Теќе маало, 14-годишник од с.Горно Строгомиште, кичевско, управувајќи четирицикл со кичевски регистарски ознаки, излетал надвор од коловозот.
Во несреќата со повреди се здобил возачот и неговиот 14-годишен сопатник од с.Зајас, кичевско, констатирани во Медицинскиот центар Кичево и Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Кичево, а по наредба на јавен обвинител, четирициклот е одземен, соопшти полицијата.

