Црна хроника
Македонска државјанка уапсена на Косово за илегално минувње на границата
Државјанка на Македонија чие име не е соопштено, е уапсена во Косово и одреден и е притвор поради кривично дело илегален премин на граница пренесоа косовските медиуми, повикувајќи се на тамошната полиција
Регионалниот портпарол на Кососвската полициска служба, Бесим Хоти изјавил дека македонската државјанка е на возраст од 35 години и е уапсена во еден од четирите локали во градот Вучитрн во кој полицијата вршила претрес поради докази за трговија со луѓе. Во локалот каде била уапсена жената, биел проанјдени и шест куршуми со калибар 7,62 мм, додал Хоти.Македонското миснитерство за вантрешни работи нема засег официјално известување од коовските колеги
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Крадци го разбиле катанецот и украле сандаци со пчели и мед во Штип

Вчера во СВР Штип, Г.Г. (47) пријавил дека во периодот од 12 до 16 август, со употреба на сила, бил отстранет катанец од метална врата на ограден простор под магистралниот пат Штип-Радовиш.
Според пријавата, одземени се сандаци од пчелни семејства, мед и други предмети.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Бабата алармира: мајка физички го малтретирала тримесечното бебе во Струмица

Вчера во СВР Струмица, 40-годишна жена пријавила дека нејзиното тримесечно внуче било физички малтретирано од мајка му, сопруга на нејзиниот син.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.
Топ
Две лица тешко повредени во групна тепачка во Скопје, полицијата апсеше од тинејџери до 50-годишни

Вчера на улицата Славеј планина во Скопје дошло до групна тепачка помеѓу неколку лица на возраст од 18 до 56 години.
По пријава во Полициската станица Бит Пазар, биле приведени С.Д. (50), С.С. (56), А.А. (19), С.Џ. (18), Џ.Р. (21), А.Д. (25), С.Д. (18) и Д.Д. (31), сите од Скопје.
Во тепачката биле користени разни тврди и остри предмети, а со тешки телесни повреди се здобиле С.Д. (33) и А.Д. (27). Уште неколку лица се здобиле со полесни повреди.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.