Црна хроника
Потрага по исчезнатите лица во Охрид
Припадници на специјалните нуркачки единици при МВР денеска ги пребаруваат водите на Охридското Езеро кај детското одморалиште „Славија“ и поранешната Специјална детска болница, каде беше пронајдена личната чанта на Лета Цветаноска Лазареска, која од понеделникот се води како исчезната
„Полицијата во сила ги стави сите свои ресурси. Секогаш кога станува збор за возрасни исчезнати лица тешко може да се процени моментот од кога може да се констатира дека нешто се случува, но секогаш кога исчезнувањето ќе се пријави се ангажираат сите располижливи сили на полицијата со цел да се откријат лицата по кои се трага“, рече министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска која денеска престојуваше во работна посета на охридската Езерска полиција.Покрај по триесет и пет годишната Лета, охридската полиција од вчера трага по уште еден исчезнато лице. Станува збор за 62-годишен маж кој од четвртокот не се вратил во својот дом. Според изјавите на неговото семејство последен пат тој бил виден истиот ден во 16 часот кај одмаралиштето на ПТТ, на кејот на Охридското езеро. Во потрагата покарај семејството се вклучени и неколку екипи на полицијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Скопјанка со нож нападната од нејзиниот татко
На 02.03.2026 во 18:45 часот во СВР Скопје, 48-годишна жена од Скопје пријави дека околу 15:00 часот во семејниот дом на подрачјето на општина Аеродром била физички нападната од нејзиниот 79-годишен татко, кој со остар предмет и упатувал закани, при што сам се повредил од невнимателност.
Во 20:00 часот, според полицијата, 79-годишен маж од Скопје пријавил дека околу 15:00 часот во семејниот дом неговата ќерка насилно му го одзела мобилниот телефон, при што почнале меѓусебно да се туркаат, а неговиот зет физички го нападнал.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Загина жена од Злетово: ја прегазил „мерцедес“
Вчера во 15:33 часот во ОВР Пробиштип е пријавено дека на ул.„Пониква“ во Злетово, на место викано „Клапчово маало”, Р.З.(50) од с.Неокази, пробиштипско, управувајќи патничко возило „мерцедес“ со пробиштипски регистарски ознаки, удрил во пешакот З.А.(59) од с.Злетово, пробиштипско.
Од здобиените повреди на местото на несреќата починала З.А., а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.
По наредба на јавен обвинител, телото на почината е предадено на Судската медицина за обдукција.
Полицијата соопшти дека е извршен увид од увидна екипа на ОВР Пробиштип.
Црна хроника
Уапсен Турчин: во патничко возило превезувал пет лица мигранти
Вчера вечер во 23:00 часот на локалниот пат Гевгелија-Граничен премин Богородица, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гевгелија го лишија од слобода 46-годишниот Ф.С. од Република Турција.
При сообраќајна контрола, полициските службеници запреле патничко возило „дачија“ со албански национални ознаки, кое го управувал, при што во возилото биле затекнати пет лица мигранти, од кои четири лица од Авганистан и едно лице од Турција.
Лицето е приведено изадржано во Полициската станица Гевгелија, а по целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

