Црна хроника
Притвор за Тренковски и Огненовска
Истражниот судија доцна попладнево им одреди 15-дневен притвор на поранешниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Ѓорѓи Тренковски, и на управителката на ПЗУ „Градска аптека“, Весна Огненовска
Поранешниот директор на Фондот за здравство, Ѓорѓи Тренковски, се сомничи дека во текот на 2007 година два пати платил исти лекови, со што ја оштетил државата за 27,7 милиони денари (околу 451.000 евра)Управата за финансиска полиција со Управата за јавни приходи денеска поднесе кривична пријава против Тренковски поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „несовесно работење во службата“ и против управителот на Приватна здравствена установа (ПЗУ) „Градска аптека“ Скопје, Весна Огненовска за „злоупотреба на службена положба и овластување“.Тренковски и Огненовска, денеска беа уапсени и изнесени пред истражен судија, по што треба да бидат пренесени во истражниот затвор во Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Мајка и дете загинаа по пад од зграда во скопски Карпош
Женско лице и нејзиното малолетно дете се пронајдени попладнево починати по пад од тераса во скопски Карпош.
Од Министерството за внатрешни работи го потврдија случајот без дополнителни детали.
„Денеска околу 14:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош од балкон од зграда се фрлиле женско лице и малолетно дете кои починале.
Полициски службеници се излезени на местото на настанот“, потврдија од МВР, најавувајќи повеќе детали по завршување на увидот.
Црна хроника
Скијач од Словенија повреден на Титов Врв
Вчера во 12:05 во СВР Тетово е пријавено дека на место викано „Бакардан“, во близина на „Титов Врв“, има повредено лице.
Според пријавеното, Ј.Р.(65) од Словенија паднал и се повредил при скијање.
Со ратрак служба е преземен и пренесен во Клинички центар Тетово каде му е укажана лекарска помош.
Црна хроника
Пукање во Чаир, од автомобил во движење испукани неколку куршуми
Вчера вечерв во 22:52 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Чаир во Скопје, од патничко возило во движење биле испукани неколку куршуми.
Повредени лица нема, а по преземени мерки полициски службеници од местото на настанот подигнале осум чаури.
Од МВР влеат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото/Depositphotos

