Црна хроника
Четиринаесет кумановци приведени за отслужување затворски казни
Кумановската полицијата со претходно изготвен план за приведување на лица осудени на издржување казна затвор, во неделата спровела акција на подрачјето на градот при што се приведени 14 лица
Станува збор за В.Џ. (32) од с.Проевце, Куманово, осуден на казна затвор во траење од две години за сторено кривично дело „силување“, М.Р. (33) од село Тромеѓа, осуден на казна затвор во траење од 18 месеци за „тешка кражба“, Е.С. (49) од Опае, осуден на казна затвор во траење од 12 месеци, за „недозволено изработување и тргување со оружје или распрскувачки материи“, Е.Ј.(60) од Куманово, осуден на казна затвор во траење од 10 месеци за „спречување на службено лице во вршење на службено дејстие “ и Р.Л. (26) од Куманово, осуден на казна затвор во траење од 10 месеци за „тешка кражба“. Приведени се и Б.В.(31) од Умин Дол, осуден на казна затвор во траење од 6 месеци за „предизвикување општа опасност“, М.П. (27) од Куманово, осуден на казна затвор во траење од 10 месеци за „тешка кражба“, О.Ц. (26) од Куманово, осуден на казна затвор во траење од 6 месеци за „кражба“, Т.А. (32) од Умин Дол, осуден на казна затвор во траење од 6 месеци за „предизвикување општа опасност“, А.И. (47) од Куманово, осуден на казна затвор во траење од 3 месеци за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, Е.Т. (36) од Куманово, осуден на казна затвор во траење од 3 месеци за „неплаќање издршка“, Н.С. (37) од Куманово, осуден на казна затвор во траење од 3 месеци за „кражба“, Н.С.(49) од с.Черкеско село, Куманово, осуден на казна затвор во траење од 25 дена за „загрозување на безбедноста на сообраќајот “ и Д.С. (60) од Куманово, за мерка Притвор во траење од 30 дена за „телесна повреда.“ Сите лица од страна на СВР Куманово биле веднаш биле спроведени во централниот затвор „Идризово“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Кривична пријава за сопственик на фирма од Охрид по смртта на негов вработен, не му обезбедил соодветна обука
СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.М.(43) од Охрид и против правен субјект со седиште во Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „повреда на правата од работен однос“.
Според информациите од МВР, пријавениот С.М. во својство на сопственик и управител во правниот субјект, свесно не се придржувал кон одредбите од Законот за засновање на работен однос и во правното лице, уредно не го пријавил и не извршил работничко осигурување на сега починатиот работник К.Љ. од Охрид, со што му ги одзел и ограничил правата што му припаѓале.
„С.М. дозволил пристап на сега веќе починатиот работник, на работно место кое е изложено на сериозни и специфични опасности, без притоа да добие посебни упатства за работа, односно дозволил да извршува работни задачи како помошник монтер, без притоа да изврши основна обука од областа на безбедност и здравје при работа и без соодветен здравствен преглед во здравствена ординација по медицина на трудот“, се наведува во соопштението.
Црна хроника
Претепал сограѓанин и му се заканувал со пиштол пред кафеана, приведен жител на Грчец
Триесет и деветгодишниот З.Ф. од селото Грчец, скопско, бил приведен во текот на денешниот ден поради напад пред угостителски објект на подрачјето на општина Сарај.
Претходно, на 7 февруари, тој со тврд предмет физички го нападнал 47-годишниот Р.З., исто така од Грчец, а потоа му се заканувал и со пиштол, јави МВР.
По целосно документирање на случајот, против З.Ф. ќе биде поднесена пријава.
Црна хроника
Запалени „порше“ и „форд ренџер“ во Батинци, известен е обвинител
Во раните утрински часови во селото Батинци, општина Студеничани, избувнал пожар во кој биле опожарени две возила – патничко возило „порше“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на 47-годишниот Џ.И. од Батинци, и товарно возило „форд ренџер“, сопственост на правен субјект.
Случајот бил пријавен во 02:15 часот во СВР Скопје. Пожарот го изгаснала екипа од Бригадата за противпожарна заштита на Скопје. Во инцидентот нема повредени лица.
Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Фото: илустрација (depositphotos)

