Црна хроника
Сопственик на галерија фалсификувал платежни картички
Скопското одделение за организиран криминал при МВР денеска поднела кривична пријава против управителот на галеријата за слики Даст комерц поради сомневање дека фалсификувал туѓи платежни картички.
Како што соопштуваат од МВР, управителот А.П. со намера да се стекне со противправна имотна корист направил фалсификувани платежни картички на тој начин што на бланко картички вметнал вистински податоци од платежни картички во сопственост на странски државјани, кои ги поседувал нелегално и преку употреба на надворешен компјутер на македонска банка.Осомничениот се товари дека пред две години направил 90 нелегални трансакции од кои 21 трансакција била успешна при што незаконски заработил 1,9 милиони денари. Од останатите 69 неуспешни трансакции управителот на Галеријата сакал да подигне 11 милиони денари. Во делото му помагал М.Д. кој што со управителот на галеријата склучил два фиктивни договара со кои А.П. наводно купувал уметнички слики, а ги плаќал со фалсификуваните платежни картички.МВР извршило контрола и проверка на странските државјани кои се појавуваат како сопственици на картичките. При проверки за влез и излез во и од Р. Македонија на граничните премини е констатирано дека вакви лица не ја преминале државната граница во време на вршењето на нелегалните трансакции. Инаку, во првите девет месеци од годинава регистрирани се 51 кривично дело од оваа област, а пријавени се вкупно 73 сторители. Споредбено со истиот период од лани кога беа откриени 21 кривично дело, процентот на откриени дела е зголемен повеќе од двојно. Најголем број дела, односно најголем број на нелегални трансакции се извршени на подрачјето на Скопје, а потоа следат Прилеп, Охрид, Куманово. Од сторителите, осум се бугарски и еден турски државјанин, а останатите се македонски државјани со неовластено подигање пари од банкомати од повеќе банки од земјата и купувајќи различни производи со фалсификувани платежни картички на повеќе продажни места, се стекнале со противправна имотна корист од над 33 милиони денари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривична против маж од Врапчиште: со закана изнудил 5000 евра од негова роднина
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ј.Ј.(84) од село во општина Врапчиште поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда’’.
Во текот на јули 2025 година, пријавениот со закана побарал и добил 5000 евра од едно женско лице – негова роднина, а откако таа побарала да ѝ ги врати парите ја прекинал комуникацијата со неа.
Црна хроника
Инцидент во болница во Ѓорче Петров: Пациент физички нападнал вработена
Вчера во 11:00 часот во СВР Скопје, 56-годишната Д.Ѓ. од Скопје пријави дека околу 04:00 часот на работното место во здравствена установа на подрачјето на Ѓорче Петров била физички нападната од едно лице, кое се лекувало во установата.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Семејно насилство во Скопско: им се заканувал на ќерките, а се обидел да ја нападне сопругата, полицијата го уапси 56-годишникот
Вчера во 20:30 часот во скопско село, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 56-годишниот С.К. затоа што упатувал закани кон неговата 44-годишна сопруга и се обидел физички да ја нападне, а претходно со остар предмет упатувал закани и кон нивните две ќерки и притоа оштетил дел од покуќнината во семејниот дом.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

