Црна хроника
Другари од затвор го ограбија возилото на „Стопанска банка“ – Битола
Министерството за внатрешни работи во понеделникот соопшти дека го расветли грабежот на возилото на Стопанска банка А.Д. Битола кога беа украдени 450 илјади евра
МВР соопшти дека пронајдени се двајцата извршители кои под закана со огнено оружје одзедоа околу 450 илјади евра од службеното возило на Стопанска банка А.Д. Битола, на излезот од Прилеп. Против сторителите, Жарко Николоски (40) од Скопје и Марјан Трајкоски – Клун (49) од прилепското село Дуње, поднесена е кривична пријава, за сторено “разбојништво“.На пријавениот Ж.Н. истражен судија веќе му одреди мерка притвор во траење од 30 дена. Во меѓувреме, припадниците на МВР го лоцираа и приведоа и второпријавениот М.Т. кому исто така, истражен судија му одреди мерка притвор во траење од 30 дена, соопштува МВР.Во моментов приведени се и уште неколку други лица за коишто постојат индиции дека биле логистика односно помагачи во планирањето на кривичното дело или во обидот за прикривање на трагите, и доколку се утврди инволвираност во делото ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.Сторителите се познавале од одлежување казна затвор во КПУ Идризово и подолго време го планирале разбојништвото. Кога двајца вработени во банката со службеното возило “голф“ од трезорот во Прилеп, подигнале четири кутии со пари – вкупно 27.000.000 денари во апоени од 500 и 1.000 денари, во петокот, се упатиле кон Битола.
Но, кај клучката на самиот излез од Битола пријавените го попречиле патот со нивното возило.
Двајцата службеници биле принудени поради попреченоста на патот да застанат со возилото, при што првопријавениот Ж.Н. држејќи пиштол во рака испукал еден куршум во воздух, дошол до возачот на службеното возило, и под закана дека ќе го убие, го истргал од возилото и го удрил со пиштол по главата нанесувајќи му телесна повреда.
По ова Николоски влегол во возилото и заканувајќи му се на вториот службеник го истерал од возилото и со возилото го напуштил местото следен од “рено кампус“.
Тие се упатиле по магистралниот пат за Скопје, свртеле во лево од патот по улицата “Круме Беќар“, каде што за кусо застанале ги извадиле кутиите со пари кои ги префрлиле во другото возило и се упатиле во непознат правец.
По преземените активности МВР го пронајде возилото во домот на Трајкоски уште истиот ден, пребојадисано во црвено, но пријавениот не е пронајден дома.
Набргу потоа, во Скопје, приведен е првопријавениот Николоски кај кого се пронајдени 68 илјади денари во апоени од по илјада денари, како и потврда, каса-прими, на негово име на сума од 10 илјади денари за исплатен долг од кредит.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Претреси на повеќе локации во Скопје за откривање дрога и оружје
Полицијата утрово изврши претреси на повеќе локации во Скопје за пронаѓање на оружје и дрога.
Во текот на утрово полициски службеници под раководство на јавен обвинител од обвинителството за гонење криминал и корупција, извршија претреси на повеќе локации во Арачиново, Ченто, Брест, Инџиково и Чаир поради основи на сомневање за сторени кривични дела поврзани со оружје и дрога.
Повеќе информации ќе бидат објавени подоцна.
Црна хроника
6.151 сообраќаен прекршок во изминатите девет дена, уапсени 44 лица за безобѕирно управување возило
Во периодот од 01-09.12.2025 година како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 6151 издадени платни налози, 1573 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење, извести МВР.
„Лишени од слобода за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик биле 44 лица, од кои 33 за возење под дејство на алкохол, двајца возачи за возење во забранет правец, пет лица за возење со брзина поголема од дозволената во населено место, а четири лица за возење со брзина поголема од дозволената надвор од населено место.
Понатаму, според статистичкиот преглед од полициските активности, евидентирани се 1511 прекршоци за непрописно паркирање, 620 мерки се изречени за возачи кои управувале возило без возачка дозвола, 39 санкции за минување на црвено светло, изречени се 32 мерки за прекршоци што ги прават пешаците, како и 173 санкции за возење под дејство на алкохол.
Санкционирани се и 349 учесници во сообраќајот кои што не користеле сигурносен појас, како и 214 мерки за возачи поради користење мобилен телефон при возење. Согласно Законот за возила, 119 возила биле отстранети од сообраќај заради тоа што биле нерегистрирани, а 62 заради техничка неисправност. Изречени се и соодветни мерки за 28 возачи на моторни возила поради затемнети стакла односно непрописно вградени фолии.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредниот период. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“, соопштуваат од МВР.
фото: МВР
Топ
Кривична против директорка на градинка во Кочани: вработила негувател без лиценца
ОВР Кочани поднесе кривична пријава против 51-годишната Ј.Е. од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.
Пријавената, во својство на вршител на должноста директор на Јавна општинска установа-детска градинка „Павлина Велјанова“ во Кочани, презела службено дејствие и ги пречекорила границите на своите службени овластувања на тој начин што преку приватна агенција за вработување времено ангажирала лице на работно место негувател за периодот од 01.12.2024 до 15.05.2025 без притоа лицето да поседува важечка лиценца за работно место негувател.
Со наведеното дејствие, пријавената овозможила лицето да се стекне со имотна корист од 164.824 денари.
фото: МВР

