Црна хроника
217 санкции за брзо возење на територијата на Македонија

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 217 возачи.
Од нив 10 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а пет возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 75 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 142 надвор од населено место.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Возрасен маж живеел во вонбрачна заедница со малолетничка

Возрасен маж во струмичко живеел во вонбрачна заедница со малолетничка. Пријава е поднесена и против таткото на девојчето затоа што ја одобрил вонбрачната заедница.
Според информациите на МВР, поднесена е кривична пријава против М.А.(20) од с.Дорфулија, општина Лозово и П.Б.(36) од с.Банско, струмичко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“.
Во периодот од јануари до април 2025 година, првопријавениот во семејна куќа во село Дорфулија живеел со малолетничка во вонбрачна заедница.
Додека, второпријавениот, татко на детето, не презел мерки за да ја спречи, туку ја прифатил и одобрил вонбрачната заедница.
Црна хроника
Пожар во локал во Лисиче, сопственикот со изгореници пренесен во болница

Пожар избувнал синоќа во угостителски објект во Лисиче. Сопственикот со изгореници на раката и поради вдишување чад е пренесен во болница.
Според информациите на МВР, вчера во 21.35 часот во СВР Скопје е пријавено дека настанал пожар во угостителски објект во нас.Лисиче, скопско.
Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот е изгаснат.
Притоа, поради изгореница на раката и вдишување на чад, сопственикот на објектот Ф.Д.(32) е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за укажување на лекарска помош. Извршен е увид.
Црна хроника
Ограбена аптека на Бит Пазар, крадецот се заканувал со нож

Вчера вечер е ограбена аптека на Бит Пазар.
Според информациите на МВР, во 22.05 часот во СВР Скопје е пријавено дека околу 21.40 часот во аптека на подрачјето на Бит Пазар, едно лице со закана со остар предмет кон вработената одзел пари од дневниот промет.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.