Црна хроника
217 сообраќајни прекршоци во Скопје – 93 за пребрзо возење, 30 возеле пијани

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (12.6.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територија на Град Скопје изречени се вкупно 217 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 93 санкции, 30 санкции за возење под дејство на алкохол, 15 мерки за возење без возачка дозвола.
Изречени се и 29 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, три мерки за поминување на затворен сигнал (црвено светло), шест за прекршоци што ги прават пешаците, пет мерки за користење мобилен телефон.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.