Црна хроника
Полицијата заплени 1,5 кг марихуана
Полицијата соопшти дека привела две лица од Скопје, кај кои се пронајдени и одземени 50 амфетамински таблети и 1.445 гр. наркотична дрога марихуана
Против Н.И. (29) и И.Ф.(18) се поднесени кривични пријави за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).Според МВР, во четвртокот бил легитимиран и претресен И.Ф., кај кого пронашла 954 грама марихуана и 50 амфетамински таблети, а во неговиот дом уште половина килограм марихуана.Полицијата од преземените мерки дознала дека Н.И. претходно му ја донел на И.Ф.порачаната марихуана и амфетамински таблети, за кои требало да му плати 550 евра, откако би ја продал дрогата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Исчезна Турчинка која престојувала во хотел во Скопје
Вчера во 23.00 часот во Полициската станица Бит Пазар, Е.Б.(34) од Република Турција пријавила дека нејзината мајка А.П.О.(73) од Република Турција се оддалечила од хотел во Скопје каде престојувала.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Скопјанец натепал скопјанка во Карпош, а потоа агресивно се однесувал и со полицајците
Вчера во 11.20 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го привеле К.Л.(41) од Скопје, затоа што физички ја нападнал О.Л.(39) од Скопје, а потоа агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Оштетил паркирано возило, врата и инвентар во кафеана, такси-возило: кривична против маж од Делчево
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против В. А. (36) од Делчево.
Тој се сомничи за сторено кривично дело насилство.
На 8.5.2024 пријавениот оштетил влезна врата и друг инвентар во угостителски објект, се обидел да оштети стакло од возачка врата на такси-возило, во обложувачница оштетил врата од наплатниот пулт, по што оштетил возило паркирано пред Територијалната противпожарна единица и физички нападнал двајца вработени.