Црна хроника
Откриена илегалка при влез во Македонија

На граничниот премин Ќафасан, при рутинска контрола на автомобил во „фиат пунто“ со косовски регистарски таблички, пријавено за влез во државава во багажниот простор била откриена девојка
Дваесет иедно годишната девојка сокриена во багажниот простор, покриена со две женски јакни а кај себе не поседувала никакви документи за идентификација.Возилото во кое била пронајдена девојката, било управувано од косовска државјанка, која изјавила дека нема ништо да пријави за царинска контрола.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Дрога и оружје пронајдени при претрес во Тетово

Вчера во 17.10 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода И.Р.(36), А.Р.(37) и М.Р.(61), сите од Тетово.
При претрес во нивниот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пиштол калибар 9 мм, рамка со 15 куршуми калибар 9 мм, две празни рамки, 100 куршуми калибар 9 мм, неколку пакувања со бела прашкаста материја, таблети, мобилен елефон и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.
Лицата биле задржани во полициска станица и за настанот бил известен јавен обвинител, а по негово целосно документиртање против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Скопјанец со автомобил удрил во бетонски ѕид и билборд, тешко повреден малолетник

Вчера околу 16.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Македонско – косовска бригада“ во Скопје, патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.К.(32) од Скопје, удрило во рекламно пано и бетонски ѕид.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетен сопатник во возилото, додека со телесни повреди се здобиле возачот, уште еден малолетен сопатник и сопатникот С.С.(25), сите од Скопје, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на јавен обвинител возачот А.К. бил лишен од слобода и против него ќе биде поднесена пријава.
Црна хроника
Уапсен 24-годишник од Тетовско: возел со 162 км/час на место каде е дозволено 80 км/час

Вчера во 17.43 часот на автопат Тетово – Гостивар, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишиле од слобода 24-годишниот В.М. од село Пирок, тетовско.
При сообраќајна контрола и преземени мерки и активности, полициските службеници констатирале дека В.М. управувал патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистерски ознаки со брзина од 162 километри на час на место каде што максималната дозволена брзина е 80 километри на час.
Лицето е пиведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297 – а од Кривичниот законик – „безобѕирно управувањена моторно возило“.