Црна хроника
Од тетовско казино ограбени 150 илајди денари
Околу 150 илјади денари ноќеска биле украдени од казино во Тетово, а по извршиениот увид, тетовската полиција превзема активности за откривање и пронаоѓање на сторителите
Во 3 часот и 30 минути, две засега непознати лица со црни „фантомки” на главите, од кои едното бил вооружено со ловечка пушка, а другото со пиштол, влегле во казиното „Гранд” на улица „Маршал Тито” во центарот на Тетово. На двајцата вработени и еден гостин, кои тогаш биле во казиното им наредиле да легнат на подот и да им ги дадат сите пари што ги имаат.Исплашени за својот живот, едниот од вработените, ја извадил малата торбичка што ја носел на појасот, а во која се наоѓале околу 150 илјади денари и ја оставил на масата за рулет. Разбојникот со пиштолот в рака ја зел торбичката, по што двајцата брзо го напуштиле објектот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Кривична пријава за „проневера во службата“ против претседател на ловечко друштво од Струмица
СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против 41-годишниот Д.Р. од Струмица, поради постоење на основи на сомневање дека сторил кривично дело „проневера во службата“ по член 354 од КЗ.
Пријавениот во својство на претседател на ловечко друштво од Струмица, со намера да се стекне со противправна имотна корист, во текот на 2024 и 2025 година од трансакциска сметка на ловечкото друштво на која воедно бил и овластен потписник, во повеќе наврати подигнувал поголеми износи на парични средства кои ги присвоил за себе, без за тоа да има соодветна оправданост или сметководствено покритие.
Со таквите дејствија Д.Р. прибавил за себе противправна имотна корист во вкупен износ од 1.326.787 денари, за кој износ е оштетено ловечкото друштво.
Црна хроника
Го претепал и го избркал од дома малолетниот син: кривична пријава за кумановец
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ч.С.(49) од Куманово.
Според полицијата тој се сомничи за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“.
Имено на 29.12.2025 во Куманово, пријавениот физички го нападнал неговиот малолетен син и го избркал од дома.
Црна хроника
Крадел во продавница, па ја нападнал вработената која се обидела да го спречи
Синоќа во 21:00 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од ЕВР Гази Баба при СВР Скопје го лишија од слобода З.К.(37) од струшко, со привремен престој во Скопје.
Тој околу 18:00 часот во продажен објект во Скопје, откако одзел производи, физички ја нападнал вработената која се обидела да го спречи.
Полицијата соопшти дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

