Црна хроника
Врховен го потврдил предметот Југ 2 и на Стојанкиќ
Како што дознаваме од извори од Врховниот суд, денеска се потврдени предметите во слуајот Југ 2 по двете години чекање што беа правдани со административни грешки и недостиг од документи
Семејствата на затворените во акцијата „Југ 2“ минатиот месец директно во Врховен побараа пред одговор зошто две години судиите не се изјаснуваат за досието со криумчарење мигранти за кое во затвор завршија 21 член на групата која организирала нелегален транспорт на мигранти преку Македонија до Грција. Семејствата го загубија рпението затоа што нивните роднини четири години беа во затвор и затоа што Врховниот суд за сличната акција „Југ 1“ се изјасни уште пред година, иако предметите се идентични и пристигнаа во судот речиси истовремено. Со првостепената пресуда од 1,5 до 12 години казна затвор, беа осудени вкупно 21 лице, инволвирани во шверцот на најчесто албански, но и индиски и кинески мигранти кои преку Македонија биле префрлани во Грција.Најмногу, 12 години затвор, заработија двајца од организаторите на трговијата со луѓе, на кои им се судеше во отсуство.Според обвинението, групата во 15 наврати од декември 2005-та до мај 2006-та година, кога беа уапсени преку диви премини за сума до 800 евра, ги префрлале мигрантите.Во Акцијата Југ Врховен ослободи 26-мина осудени и предметот го врати на ново судење,Исто така, потврден е и случајот на поранешниот заменик-министер за правда Зоран Стојанкиќ кој на 31 јануари 2008 г. беше приведен и осомничен дека како стечаен управник во „Центро“ незаконски зел 33,5 милиони денари. За истиот случај се обвинети и тројца стечајни судии. Според пријавата, тој од 30 октомври 2002 до 22 мај 2006 г. како стечаен управник ги оштетил доверителите на „Центро“ за повеќе од 33,5 милиони денари, кои си ги присвоил. Во пријавата е посочено дека тој исплатувал неосновани побарувања во стечајната постапка и прикажувал неосновани трошоци, а ја уништил, прикрил или ја оштетил документацијата за работата на компанијата врз основа на која се евидентира финансиското работење на стечајниот должник. Парите од фирмата ги подигнал во готовина, а со неисплатувањето на доверителите долгот на „Центро“, со каматите, го зголемил за 10 милиони евра.Финансиската полиција сомничеше и тројца стечајни судии дека му овозможиле на Стојанкиќ да ја ограби фирмата. Истрагата се проширува и на стечаите во другите фирми каде што осомничените вршеле незаконски дејства. Стојанкиќ до неодамна бил стечаен управник и во „Техника“, кумановските „Житомел“ и „Искра“ и во други фирми кои завршија во рацете на кумановецот Бајруш Сејдии.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Едно лице загина во сообраќајна несреќа кај Кучевиште
Едно лице загина, а друго е повредено во сообраќајна несреќа што се случила вчера на локалниот пат с.Кучевиште- с.Кучевишка Бара.
Во несреќата учествувале патничко возило „форд фиеста“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.П.(65) од Скопје и патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ж.С.(57) од с.Кучевиште, скопско.
На местото на несреќата починал возачот на патничкото возило „форд“ В.П., а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.
Со телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило „фолксваген голф“ Ж.С., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција, а извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.
Црна хроника
Пијан 36-годишник од Кичево се однесувал агресивно во казино, двајца охриѓани се истепале во друго казино
Рано утрово, во 04:55 часот во СВР Охрид е пријавено дека во казино на улицата „Абас Емин“ во Охрид бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Л.У.(35) и М.„Н“, двајцата од Охрид. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок, извести СВР Охрид.
Исто така ноќеска во 03:10 часот на улицата „Тане Цалески“ во Кичево, полициски службеници го приведоа 36-годишниот Р.С. од Кичево, постапувајќи по претходна пријава дека во казино во Кичево агресивно се однесувал кон вработените. По преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,06 промили алкохол во крвта. Тој е спроведен во полициска станица и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Без одобрение изградила пристапен пат и поставила армирана бетонска пристапна рампа: кривична пријава за охриѓанка
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.Р.(40) од охридското село Велгошти.
Таа се сомничи за сторени кривични дела „бесправно градење“ и „узурпација на недвижности“.
Имено на катастарска парцела во државна сопственост во атар на истото село, таа без одобрение изградила пристапен пат и поставила армирана бетонска пристапна рампа. Врз основа на констатираната состојба, овластен градежен инспектор изготвил решение за нивно отстранување.

