Црна хроника
При личен претрес на три лица откриени 240 парчиња долна облека
Минатат седмица цариниците од царинска испостава Деве Баир, при вршење на редовна царинска контрола спречиле два слични обида за нелегално внесување на поголемо количество женска долна облека, која била пронајдена при личен претрес
При личен претрес на двајца патници, македонски државјани кои патувале во возило со бугарски регистарски таблички пронајдени се сокриени 171 чифт женска долна облека. Царинските службеници при претрес на патниците откриле дека околу рацете, нозете и стомакот имаат залепена непријавена долна облека. Кај едниот патник биле пронајдени 131 чифта, а кај другиот 40 чифат женска долна облека.На 14 март, откриен е уште еден таков случај во кој е инволвиран бугарски државјанин со иницијали Б.З кој патувал во возило со бугарски регистарски таблички, пријавено за влез во Македонија. При спроведен личен претрес царинските службеници пронашле 68 пара градници завиткани околу стомакот, градите и замотани во најлон кеси во патната торба. Во двата случаи стоката е привремено задржана, а против прекршителите се поднесени барања за поведување на прекршочна постапка пред Комисијата за одлучување по прекршоци на Царинска Управа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се степале за паркинг во Петровец, па му се заканил со огнено оружје
Вчера во СВР Скопје, И.К.(41) од с.Петровец, скопско пријавил дека околу 18:00 часот во с.Петровец, скопско, по претходно недоразбирање околу паркинг простор, Д.Д. се обидел физички да го нападне.
Потоа му упатил закани со огнено оружје.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Фото: депозитфотос
Црна хроника
Насилство во Тетовско: нападната 19-годишна девојка
СВР Тетово поднесе кривична пријава против П.А.(28), С.А.(30), Е.А.(23), Г.А.(44) и А.А.(19), сите од с.Желино, тетовско.
Тие се сомничат за сторено кривично дело „насилство“.
Имено, според полицијата на 26.09.2025 во с.Желино, по претходна расправија, пријавените физички нападнале 19-годишна девојка од истото село.
Црна хроника
Загина 48-годишен возач: со возилото излетал од патот Кочани – Виница
Вчера во 17:35 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на магистралниот пат Кочани- Виница, на место викано „Сланечки дол“, патничко возило „пежо“ со винички регистарски ознаки, управувано од Б.Ќ.(48) од Виница, излетало надвор од коловозот.
Од здобиените повреди на местото на настанот починал возачот, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.
По насоки на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кочани.

