Топ
22-годишна Македонка загина во несреќа во Данска
Дваесет и двегодишна девојка од Македонија загина во несреќен случај на своето работно место во Данска.
Според данската полиција, настраданата девојка работела како хигиеничарка во училиште, каде што се случила несреќата со машина за чистење.
Данските медиуми јавуваат дека таа била пренесена во болница со тешки повреди на кои им подлегнала.
„Ние сме во процес на спроведување дополнителни истраги и повторно ги испрашуваме истите сведоци“, објаснува Торбен Витендорф од данската полиција.
Според данските медиуми, роднините на девојката се веќе известени. Данската управа за работна средина е повикана и мора да биде вклучена во истрагата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Шефот на НАТО: Путин ја губи војната, сега е време за притисок
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека рускиот претседател Владимир Путин е пред крај со ресурсите за да ја продолжи војната против Украина и дека е време да се зголеми притисокот врз Русија за да се постигне праведен мир. Тој ја даде изјавата на прес-конференција по состанокот на Коалицијата на волјата во Лондон.
Руте верува дека ситуацијата на контактната линија јасно ја покажува неефикасноста на руската стратегија и огромната цена што Москва ја плаќа за незначителен напредок на терен.
„Во Украина, Путин добива многу малку нова територија на бојното поле, а каде што има маргинални добивки, тие доаѓаат со огромна цена. Стотици илјади Руси умираат поради лудата агресија на Путин. Украина продолжува храбро да се брани, нашата поддршка им помага. Вистината е дека на Путин му снемуваат пари, војници и идеи“, рече Руте.
Тој нагласи дека токму сега е моментот да се зголеми притисокот врз Русија. Во овој контекст, ги поздрави неодамнешните најави од европските сојузници и Канада за обезбедување дополнителна воена помош за Украина, како и одобрувањето на 19-тиот пакет санкции.
„Развојот на настаните на бојното поле покажува дека нашата поддршка за Украина функционира и ние мора да ја продолжиме. Мора да ја поврземе оваа поддршка со санкции и економски притисок врз Русија“, нагласи тој.
Генералниот секретар на НАТО изрази оптимизам за западното единство, наведувајќи ги „добрите дискусии“ оваа недела во Вашингтон, Брисел и Лондон, за кои верува дека укажуваат на движење во вистинската насока за завршување на војната.
Македонија
Ноќва почнува зимското сметање на времето
Ноќва почнува зимското сметање на времето.
Стрелките на часовникот во 3 часот по полноќ ќе се поместат еден час наназад.
Со тоа, времето во 03:00 часот ќе се смета како 02:00 часот.
Македонија
Ѓоргиевски: Тим од експерти и градежна инспекција ќе стават крај на дивоградбите
Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски изјави дека како градоначалник на Кисела Вода докажал дека може да се стави ред во урбанизмот, спречувајќи прекумерно градење.
Тој најави формирање експертски урбанистички тим кој ќе работи на растеретување на централното градско подрачје и насочување на развојот кон периферијата.
„Ќе формирам урбанистички тим од врвни експерти кој ќе помогне да се запре прекумерното градење во центарот“, рече Ѓорѓиевски.
Потсети дека како градоначалник на Кисела Вода бил првиот што спровел постапки и против индивидуални и против колективни објекти.
„Законот мора да важи еднакво за сите. Барам Град Скопје да има сопствена градежна инспекција или државата да го преземе тој дел, за да нема поделба на одговорност“, нагласи тој за „Трилинг“.
Ѓорѓиевски додаде дека дел од дивоградбите се објекти во кои живеат граѓани и истите мора да бидат безбедни. Според него, многу од овие објекти постојат веќе 15-20 години, но тоа не ја исклучува потребата за проверка на истите. Ѓорѓиевски додаде дека, кога станува збор за нови дивоградби, би бил уште поригорозен во санкционирањето.

