Црна хроника
Притворен поранешен директор на охридски „Бетон"
Охриѓанецот М.С. (65), поранешен директор на АД ,,Бетон“е во 30 дневен притвор, поради основано сомнение дека е сторител на кривичните дела “проневера во службата, злоупотреба на службената положба и овластување и предизвикување стечај со несовесно работење”
Пријавениот во својство на директор на “Бетон” Охрид во период од 2005 до 2007 година, ја оштетил фирмата за сума од 21.818.156 денари, кои не ги наплатил на лице од Охрид на име комуналии, извршени градежни работи, земјиште за објект, проекти и користени материјали. Во истиот период М.С. иако знаел дека „Бетон” е неспособен за плаќање, со неразумно трошење на имотот, како и со оттуѓување на предмети и права по несразмерно ниски цени и преќутно обновување на договори со други лица без да оствари побарувања, извршил повреда на службените должности и во текот на 2009 година предизвикал стечај на фирмата.
Исто така М.С. во текот на мај 2006 година, врз основа на склучен договор за купопродажба на недвижен имот кај месноста “Елен Камен” сопственост на „Бетон” од лице од Струга, со записник и каса-прими, наплатил 4.284.000 денари кои не ги евидентирал во благајната на фирмата, туку во седум наврати со седум каса прими документи во периодот од 2006 до 2008 година, уплатил вкупно 3.275.000 денари, со што за себе го присвоил износот од 1.009.000 денари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Го претепал и го избркал од дома малолетниот син: кривична пријава за кумановец
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ч.С.(49) од Куманово.
Според полицијата тој се сомничи за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“.
Имено на 29.12.2025 во Куманово, пријавениот физички го нападнал неговиот малолетен син и го избркал од дома.
Црна хроника
Крадел во продавница, па ја нападнал вработената која се обидела да го спречи
Синоќа во 21:00 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од ЕВР Гази Баба при СВР Скопје го лишија од слобода З.К.(37) од струшко, со привремен престој во Скопје.
Тој околу 18:00 часот во продажен објект во Скопје, откако одзел производи, физички ја нападнал вработената која се обидела да го спречи.
Полицијата соопшти дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Разбојништво на автобуска постојка: ограбена скопјанка
Денеска (29.01.2026) во 08:30 часот во СВР Скопје, З.Р.(65) од Скопје пријави дека околу 07:10 часот на автобуска постојка на подрачјето на Центар, едно лице со употреба на физичка сила и одзело личен накит. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

