Црна хроника
Домашен притвор за разбојник за грабеж на куќа и напад на дете
Скопската полиција во четврток во населба Скопје-Север го уапсила 28-годишниот скопјанец кој е осомничен за извршено разбојништво во куќа во скопското село Моране, октомври минатата година
Скопјанецот помогната од негов 29-годишен другар и уште едно неидентификувано лица, 6 октомври минатат година околу пладне во скопското село Моране прво ѕвонеле на вратата од приземниот дел од куќата каде во моментот се наоѓала 13-годишна ќерка на сосптвеникот, заедно со нејзината едногодишна внука од сестра. Тие се претставиле како службеници од ЕВН и побарале да влезат во куќата за да ја погледаат електричната инсталација и во еден момент насилно влегле во ходникот по што еден од нив со марама и’ ја врзал устата и го удрил неколку пати по главата 13-годишното девојче од плочките на подот, а другиот го однел во една од собите едногодишното дете. Разбојниците потоа насилно ја отвориле вратата од спалната соба каде во душекот од креветот пронашле и одзеле девет илјад евра и еден мобилен телефон марка „сони–ериксон“. Во еден момент на влезната врата затропала сосетка, по што разбојниците избекале низ прозорецот. Полцијата се’ уште трага по другите две лица, а на уапсениот истражен судиј аму одредил мерка куќен притвор во траење од 30 дена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Мајка и дете загинаа по пад од зграда во скопски Карпош
Женско лице и нејзиното малолетно дете се пронајдени попладнево починати по пад од тераса во скопски Карпош.
Од Министерството за внатрешни работи го потврдија случајот без дополнителни детали.
„Денеска околу 14:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош од балкон од зграда се фрлиле женско лице и малолетно дете кои починале.
Полициски службеници се излезени на местото на настанот“, потврдија од МВР, најавувајќи повеќе детали по завршување на увидот.
Црна хроника
Скијач од Словенија повреден на Титов Врв
Вчера во 12:05 во СВР Тетово е пријавено дека на место викано „Бакардан“, во близина на „Титов Врв“, има повредено лице.
Според пријавеното, Ј.Р.(65) од Словенија паднал и се повредил при скијање.
Со ратрак служба е преземен и пренесен во Клинички центар Тетово каде му е укажана лекарска помош.
Црна хроника
Пукање во Чаир, од автомобил во движење испукани неколку куршуми
Вчера вечерв во 22:52 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Чаир во Скопје, од патничко возило во движење биле испукани неколку куршуми.
Повредени лица нема, а по преземени мерки полициски службеници од местото на настанот подигнале осум чаури.
Од МВР влеат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото/Depositphotos

