Црна хроника
Ограбена наплатната рампа „Глумово“
Наплатната рампа „Глумово“ на патот Тетово Скопје била ограбена ноќеска од страна на две засега непознати вооружени лица, кои однеле околу 70 илјади денари
Според полицијата ноќеска во 02.30 часот на наплатната рампа „Глумово“ две непознатилица со возило Голф-2 со црвена боја, извршиле разбојништво на наплатната рампа Глумово.Тие од вработениот Ф.М.(1975) од с.Љуботен, кој работел на наплатната рампа број 8 за влез во Скопје, одземале 13.000,00 денари, од Л.Ј.(1976) од Скопје, кој работел на наплатна рампа број 1, зеле 31.000,00 денари, лични документи (лична карта и возачка дозвола), клучеви од ПМВ Форд и два мобилни телефони марка „ЛГ“ и „Самсунг“, со што лично е оштетен за 9.000,00 денари. Потоа продолжиле кај М.А.(1977) од Скопје, кој работел на наплатна рампа број 7, а од кого одзеле 17,060,00 денари. Непознатите лица со нивното ПМВ се доближиле до наплатната рампа број 8 каде работел Ф.М., по што ги извадите и репетирале пиштолите. Тие му наредиле на нечист македонски јазик да ги предаде парите. Во еден момент едно од лицата го удрило во пределот на левата страна од главата, му ги земале парите, по што едното од нив се упатило кон наплатната рампа број 1, од каде од Л.Ј. ги одзело парите, додека другото се упатило према наплатната рампа број 7 каде од М.А. ги одзело парите, а потоа со ПМВ напуштиле лице место, стекнувајки се со противправна имотна корист од околу 70.000,00 денари. Полицијата превзема мерки за пронаоѓање на лицата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Скопјанка со нож нападната од нејзиниот татко
На 02.03.2026 во 18:45 часот во СВР Скопје, 48-годишна жена од Скопје пријави дека околу 15:00 часот во семејниот дом на подрачјето на општина Аеродром била физички нападната од нејзиниот 79-годишен татко, кој со остар предмет и упатувал закани, при што сам се повредил од невнимателност.
Во 20:00 часот, според полицијата, 79-годишен маж од Скопје пријавил дека околу 15:00 часот во семејниот дом неговата ќерка насилно му го одзела мобилниот телефон, при што почнале меѓусебно да се туркаат, а неговиот зет физички го нападнал.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Загина жена од Злетово: ја прегазил „мерцедес“
Вчера во 15:33 часот во ОВР Пробиштип е пријавено дека на ул.„Пониква“ во Злетово, на место викано „Клапчово маало”, Р.З.(50) од с.Неокази, пробиштипско, управувајќи патничко возило „мерцедес“ со пробиштипски регистарски ознаки, удрил во пешакот З.А.(59) од с.Злетово, пробиштипско.
Од здобиените повреди на местото на несреќата починала З.А., а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.
По наредба на јавен обвинител, телото на почината е предадено на Судската медицина за обдукција.
Полицијата соопшти дека е извршен увид од увидна екипа на ОВР Пробиштип.
Црна хроника
Уапсен Турчин: во патничко возило превезувал пет лица мигранти
Вчера вечер во 23:00 часот на локалниот пат Гевгелија-Граничен премин Богородица, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гевгелија го лишија од слобода 46-годишниот Ф.С. од Република Турција.
При сообраќајна контрола, полициските службеници запреле патничко возило „дачија“ со албански национални ознаки, кое го управувал, при што во возилото биле затекнати пет лица мигранти, од кои четири лица од Авганистан и едно лице од Турција.
Лицето е приведено изадржано во Полициската станица Гевгелија, а по целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

