Црна хроника
Скршена спомен плочата кај Вејце
Спомен плочата,што беше поставена пред неколку дена кај Вејце со имињата на загинатите бранители во конфликтот во 2001 година е скршена, јави дописникот на @Макфакс#
Оштетувањето на плочата која беше поставена на одбележувањето на девет годишнината од масакрот било забележано вчера од страна на претставниците на здружението „Достоинство“ од Тетово.Претседателот на тетовскиот огранок на „Достоинство“, Марин Најдов вели дека ова било неочекуван, бидејќи сметале дека територијата е безбедна.„Сметаме дека територијата е безбедна и сите можеме слободно да се движиме. За овој настан ќе ги информираме сите политички структури и градоначалникот на Тетово, за да ги најдат и соодветно да ги казнат сторителите“, изјави Најдов.
Тој рече дека очекуваат плочата да биде направена и да биде вратена на своето место, зошто како што рече тоа е цивилизиран чин и е во функција на заедништвото.Годинава за прв пат беше организирана посета на местото на патот Тетово-Селце-Вејце, меѓу двете кривини, каде во 2001 година беа нападнати возилата во кои беа припадниците на АРМ.
По повод девет години од масакрот на бранителите претставници на „Достоинство“ и членови на семејствата на загинатите им оддадоа почит на жртвите и ја поставија спомен плочата.Првиот обид да се посети спомен плочата во 2003 година беше неуспешен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Гостиварец нападнал малолетник во училиштен двор, поднесена кривична пријава
Надворешната канцеларија за криминалистички работи во Гостивар поднесе кривична пријава против 43-годишниот Л.Џ. од градот, поради постоење сомнежи за „насилство врз дете“.
Според податоците од истрагата, инцидентот се случил на 25 декември 2025 година, во двор од основно училиште во гостиварско, по претходно нарушување на јавниот ред и мир помеѓу малолетници, во кое учествувал синот на пријавениот.
По настанот, Л.Џ. физички нападнал друг малолетник, информираат од полицијата.
Црна хроника
По породувањето, си заминалала без бебето: 24-годишна жена од Велес под истрага
Полицијата во Велес поднесе кривична пријава против 24-годишна девојка од овој град поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“.
Според информациите од полицијата, на 1 февруари 2026 година, по породување во ЈЗУ Општа болница Велес, пријавената доброволно, со депониран потпис, го напуштила гинеколошкото одделение и притоа го оставила новороденото бебе.
Црна хроника
Суспендирана полицајка од Кочани: се сомничи дека насилно внела колешка во возило и не ѝ дозволила да излезе
МВР поднесе кривична пријава против припадничка на полицијата од Кочани, поради сомнение за кривично дело „противправно лишување од слобода“, предвидено по член 140 став 1 од Кривичниот законик.
Пријавената Ј.Н., вработена во Полициско одделение за безбедност на патниот сообраќај во Кочани при СВР Штип, на 13 септември 2025 година, на место викано „Суитлак“ во Штип, се сретнала со женско лице – полицаец-приправник, исто така вработена во МВР, по што, според податоците на Одделот: „Насилно ја внела во возило ‘бмв’ со кое дошла на локацијата, ја удирала по телото и не ѝ дозволила да излезе, одземајќи ѝ ја слободата на движење.“
Со сторените дејствија, според внатрешната контрола, постои основано сомнение дека Ј.Н. го сторила горенаведеното кривично дело.
Дополнително, Одделот ќе поднесе и предлог за поведување дисциплинска постапка против пријавената, а како задолжителна мерка ќе изрече суспензија од работното место до завршување на постапката.

