Црна хроника
Се урна летало во Скопје
Граѓани јавуваат дека малку пред 8 часот во источниот дел на Скопје се урна летало.
Со заглушувачка бука леталото се урнало репортери на Форум се упатија кон местото на настанот. Засега не е лоцирано местото, ниту дали има жртви. Некои очевидци велат дека на леталото пред падот бил забележан пламен. Според граѓани кои утрово оделе на своите работни места, станувало збор најверојатно за мал авиони од типовите кои се користат за запрашување противи комарци,
Други очевидци велат дека се слушнал силен звук и тресок од правец на Македонската радио телевизија или Кванташки пазар. Има информации и дека објектот е урнат во Скопје север кај поранешнатa Општина Чаир.
Од аеродромските власти засега неофицијално велат дека можно е да се работи за американско беспилотно летало.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Исчезна Турчинка која престојувала во хотел во Скопје
Вчера во 23.00 часот во Полициската станица Бит Пазар, Е.Б.(34) од Република Турција пријавила дека нејзината мајка А.П.О.(73) од Република Турција се оддалечила од хотел во Скопје каде престојувала.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Скопјанец натепал скопјанка во Карпош, а потоа агресивно се однесувал и со полицајците
Вчера во 11.20 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го привеле К.Л.(41) од Скопје, затоа што физички ја нападнал О.Л.(39) од Скопје, а потоа агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Оштетил паркирано возило, врата и инвентар во кафеана, такси-возило: кривична против маж од Делчево
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против В. А. (36) од Делчево.
Тој се сомничи за сторено кривично дело насилство.
На 8.5.2024 пријавениот оштетил влезна врата и друг инвентар во угостителски објект, се обидел да оштети стакло од возачка врата на такси-возило, во обложувачница оштетил врата од наплатниот пулт, по што оштетил возило паркирано пред Територијалната противпожарна единица и физички нападнал двајца вработени.