Црна хроника
Македонец претепан во Петрич во животна опасност
Македонскиот државјанин Томе Тонев (58) е во животна опасност и се наоѓа на реанимација во болницата во Благоевград, откако синоќа бил претепан во Петрич, јави бугарската агенција Бгнес
По консултациите со лекарот било констатирано дека Тонев нема да го издржи транспортот до институтот „Пирогов“ во главниот град, затоа бил примен во одделението за реанимација во Благоевград.Тонев, според лекарски извори, се наоѓа во многу тешка состојба, со черепно-мозочна траума, мозочен хематом и голема загуба на крв.Тој е примен во медицинскиот центар во Петрич околу 6 часот утрово. Едно лице е приведено, под сомнение дека е извршител на нападот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Приведен турски државјанин на Деве Баир поради фалсификувана зелена карта
Вчера во 05:30 часот на граничниот премин Деве Баир, при влез во државата, полициски службеници лишиле од слобода 55-годишен државјанин на Р. Турција.
Како што информираат надлежните, станува збор за З.А. (55), кој управувал товарно возило даф со полуприколка со турски национални ознаки. При извршена гранична контрола било утврдено дека меѓународната зелена карта за осигурување на полуприколката, која ја приложил на увид, била фалсификувана.
Лицето било предадено на полициски службеници од Полициска станица Крива Паланка за понатамошна постапка.
Црна хроника
Приведен 33-годишник во Центар, бил во возило со две малолетнички
Полициски службеници од СВР Скопје вчера околу 22:30 часот, на подрачјето на Центар во Скопје, сопреле патничко моторно возило управувано од З.Т. (33) од Скопје.
Како што информираат од полицијата, во возилото се наоѓале две малолетнички со кои тој се познавал од претходно, но не биле во роднинска врска. З.Т. бил лишен од слобода и со него бил извршен службен разговор во полициска станица.
Службен разговор бил извршен и со двете малолетнички, во присуство на нивните родители, бранител и стручен тим од Јавна установа – Меѓуопштински центар за социјални работи.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Малолетничка најдена онесвестена во Карпош, пренесена е на Клинички
Шеснаесетгодишна малолетничка била пронајдена во безсознание вчера околу 14:00 часот на подрачјето на Карпош, информираат од СВР Скопје.
Според пријавата, девојчето итно било пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. При интервенцијата, кај неа биле пронајдени мало шише со бела прашкаста материја и бела грутчеста материја.
Со малолетничката бил и П.С. (18) од Скопје.
Од полицијата соопштуваат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

