Црна хроника
Приведени 15 пејачки во Гостивар и Тетово
Полицијата вчера приведе вкупно 15 пејачки, при контрола на два угостителски објекта во Гостивар и во Тетово
Во угостителскиот објект „Кораби“ во тетовското село Горно Седларце, сопственост на триесет и осумгодишниот А.Х., гостиварската полиција затекнала девет Албанки и една Бугарка, кои работеле како пејачки.Се уште се испитува дали поседуваат документи за легален престој и вработување.Гостиварската полиција, пак, при контрола на угостителскиот објект „Албулена“ во село Равен затекнала една Србинка, една Албанка и три наши државјанки, кои исто така работеле како пејачки. Угостителскиот објект бил во сопственост на педесет и четиригодишниот Н.М. Тие не поседувале документи за легален престој. Против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. Сите пејачки биле на возраст од 22 до 54 години.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Мајка и дете загинаа по пад од зграда во скопски Карпош
Женско лице и нејзиното малолетно дете се пронајдени попладнево починати по пад од тераса во скопски Карпош.
Од Министерството за внатрешни работи го потврдија случајот без дополнителни детали.
„Денеска околу 14:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош од балкон од зграда се фрлиле женско лице и малолетно дете кои починале.
Полициски службеници се излезени на местото на настанот“, потврдија од МВР, најавувајќи повеќе детали по завршување на увидот.
Црна хроника
Скијач од Словенија повреден на Титов Врв
Вчера во 12:05 во СВР Тетово е пријавено дека на место викано „Бакардан“, во близина на „Титов Врв“, има повредено лице.
Според пријавеното, Ј.Р.(65) од Словенија паднал и се повредил при скијање.
Со ратрак служба е преземен и пренесен во Клинички центар Тетово каде му е укажана лекарска помош.
Црна хроника
Пукање во Чаир, од автомобил во движење испукани неколку куршуми
Вчера вечерв во 22:52 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Чаир во Скопје, од патничко возило во движење биле испукани неколку куршуми.
Повредени лица нема, а по преземени мерки полициски службеници од местото на настанот подигнале осум чаури.
Од МВР влеат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото/Depositphotos

