Црна хроника
Момче пет часа било тепано во стан во Скопје
Деветнаесетгодишно момче било намамено од таксист со кој се знеаеле од порано и однесено во стан било тепано пет часа. Тепачот му се заканил на момчето да не кажува никому, соопшти МВР
На паркингот на Средно Водно, Д.Т.(21) од Скопје со закана по живот го натерал Н.Т.(19), со кој се знаел од порано да влезе во такси возило на компанијата “Пролет“. Откако Н.Т. влегол во возилото, бил однесен во станот на Д.Т. во близина на Зелен Пазар.Таму Д.Т. го заклучил Н.Т. и почнал да го удира со раце и нозе во пределот на главата и телото, навредувајќи го со погрдни зборови. Малтретирањето траело пет часа, по што момчето било ослободено, но под закана да не кажува на никого.По ослободувањето истиот побарал лекарска помош во Ургентен Центар, а настанот бил пријавен и во полиција. Тепаното момче не сакало да го каже мотивот и причината за малтретирањето, а Д.Т. е уапсен. По целосно расчистување на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се запали БМВ во Драчево
Денеска во 00.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Драчево, во двор од семејна куќа на К.К.(30) од Скопје, настанал пожар во неговото патничко возило БМВ со скопски регистарски ознаки.
Од Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Тројца малолетници тепале и со остар предмет повредиле 22-годишно момче
Полициски службеници лишиле од слобода тројца малолетници поради физички напад, соопшти МВР.
-Денеска (07.09.2024) во 02.40 часот полициски службеници од полициската станица Центар лишиле од слобода тројца малолетници од Скопје, Крива Паланка и Струмица поради постоење основи на сомнение дека во Градскиот парк во Скопје физички го нападнале Б.С.(22) од Скопје и притоа со остар предмет му нанеле повреда, стои во соопштението.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, додаваат од МВР.
Црна хроника
Средношколец од Скопје се заканувал на вработени и кршел инвентар
Средношколец од Скопје, вчера попладне упатувал закани кон вработени во училиште, при што оштетил и дел од инвентарот, соопшти МВР.
-На 06.09.2024 во 20.20 часот во СВР Скопје, било пријавено дека околу 16.50 часот во средно училиште на подрачјето на општина Аеродром, ученик во службени простории агресивно се однесувал кон вработените во училиштето и им упатувал закани, по што оштетил и дел од инвентарот, стои во соопштението на МВР.
МВР соопшти дека е известен јавен обвинител за малолетници. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.