Црна хроника
Крвава драма за пари од патарините
„Викајте помош, не нападнаа“, со вакви извици излегол ранетиот возач на комбето на „Македонија пат“ кое половина час по пладне беше нападнато кај патарината „Петровец“ на автопатот од Велес -Скопје, кога загина еден, а уште еден вработен на „Македонија пат“ беше повреден
од Фросина ФаковаПред експозитурата на Стопанска банка во „Автокоманда“, на неколку метри од полициската станица „Гази Баба“ беше паркирано портокалово изрешетено комбе, со искршени стакла и дупната гума. Вреќите со пари од патарините во него, но внатре и застреланиот совозач, четириесет и петгодишниот Горан Илиќ. Aлфите го пренеле ранетиот возач Злате М., најпрво во најблиската Ремедика, а потоа во Државната болница.Очевидиците кои го пречекале возилото на „Македонија пат“ раскажуваа дека возилото влетало и веднаш побарало помош. Најпрво стигнале алфите а потоа и полицајци од станицата.Жителите на „Автокоманда“ веќе знеја што точно им се случило на нападнатите. Објаснуваа дека не се пукало тука, туку во „Петровец“.На околу 500 метри до еден километар оддалеченост од наплатната рампа, разбојниците со калашников во рацете најпрвин запреле „ситроен берлинго“ со струмички регистерски таблици и му наредиле да застане крај патот.Набргу потоа наишло комбето на “Македонија пат“ марка, „Фолксваген кеди„ кое превезувало пари од наплатните рампи.Разбојниците се обиделе да го запрат возилото, но не успеале. Комбето продолжило кон Скопје, па напаѓачите почнале да пукаат.Ранетиот возач, со две прострелни рани на рамото и мртвиот колега до себе упорно возел кон Скопје за да им избега на напаѓачите.Но тие, не се откажале. Го избркале возачот од „берлингото“ и почнале да го следат комбето.Чаурите кои ги пронајде полицијата во „берлингото“ се доказ дека пукањето продолжило додека ги следеле, се до Хиподром.„Го следеле до клучката кај Хиподром според увидот најдени се чаури, пукале и во движење, а се претпоставува дека поради страв дека ќе бидат фатени прекинале со следењето и се упатиле во спротивен правец“, вели портпаролот на МВР, Иво Котевски.Во спротивна насока повторно под закана со оружје запреле друго возило „шевролет авео“ и со него избегале кон Кадино, каде и било најдено возилото.Блокирани се и сите околни места патишта каде напаѓачите го оставиле последното возило.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Уапсен Турчин: во патничко возило превезувал пет лица мигранти
Вчера вечер во 23:00 часот на локалниот пат Гевгелија-Граничен премин Богородица, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гевгелија го лишија од слобода 46-годишниот Ф.С. од Република Турција.
При сообраќајна контрола, полициските службеници запреле патничко возило „дачија“ со албански национални ознаки, кое го управувал, при што во возилото биле затекнати пет лица мигранти, од кои четири лица од Авганистан и едно лице од Турција.
Лицето е приведено изадржано во Полициската станица Гевгелија, а по целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Топ
Мајка и дете загинаа по пад од зграда во скопски Карпош
Женско лице и нејзиното малолетно дете се пронајдени попладнево починати по пад од тераса во скопски Карпош.
Од Министерството за внатрешни работи го потврдија случајот без дополнителни детали.
„Денеска околу 14:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош од балкон од зграда се фрлиле женско лице и малолетно дете кои починале.
Полициски службеници се излезени на местото на настанот“, потврдија од МВР, најавувајќи повеќе детали по завршување на увидот.
Црна хроника
Скијач од Словенија повреден на Титов Врв
Вчера во 12:05 во СВР Тетово е пријавено дека на место викано „Бакардан“, во близина на „Титов Врв“, има повредено лице.
Според пријавеното, Ј.Р.(65) од Словенија паднал и се повредил при скијање.
Со ратрак служба е преземен и пренесен во Клинички центар Тетово каде му е укажана лекарска помош.

