Црна хроника
Малолетник ранет со куршум во грб
Дете на возраст од 13 години ноќеска околу три часот било рането со еден куршум во грб, во близина на основното училиште Гоце Делчев во Гостивар
Малолетникот заедно со уште четворица негови другари, сите од село Неготино Полошко, како што и кажале на полицијата, дошле во Гостивар за да се прошетаат низ градот.Поминувајќи покрај училиштето еден од малолетниците извадил пиштол и тие почнале да пукаат во воздух. Кога дошол редот на 16 годишниот Џ.С. наместо да пука во воздух не сакајќи го погодил неговиот три години помлад другар.Кога виделе што се случува викнале такси и го однеле детето во болница во Гостивар. Од таму детето било префрлено на скопските клиники и сега се наоѓа надвор од животна опасност.Четворицата малолетници се повикани во Полициската станица Гостивар и се работи на расветлување на случајот, по што ќе следуваат соодветни пријави.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тешка кражба во барака на „Паркови и зеленило“: украдени неколку парчиња огнено оружје
Вчера околу 09:00 часот во СВР Скопје, од Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ во Скопје е пријавено дека во периодот од 02.01.2026 до 05.01.2026 во барака на подрачјето на Карпош, сопственост на Јавното претпријатие, со употреба на физичка сила и алат е извршена тешка кражба, при што од сефот биле одземени неколку парчиња на огнено оружје, кои биле користени од Службата за обезбедување на јавното претпријатие.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Семејно насилство во скопско: жената го истепала сопругот
Вчера полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со двајца сопружници од скопско, постапувајќи по претходна пријава од 37-годишен маж дека на 01.01.2026 во семејниот дом во скопско, по претходна расправија, бил нападнат од неговата 33-годишна сопруга.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.
Црна хроника
20-годишник од Скопје нападнат и ограбен во Аеродром
Вчера во 10:10 часот во СВР Скопје, 20-годишниот Д.Ј. од Скопје пријави дека на 01.01.2026 околу 02:00 часот на паркинг простор во близина на угостителски објект на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, бил физички нападнат од едно лице, кое исто така му го одзело часовникот.
По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

