Црна хроника
Разбиена петчлена криминална група што шверцувала хероин
Разбиена петчлена криминална група која подолг период шверцувала хероин преку Македонија за Западна Европа. Во вчерашната полициска акција во Струга, двајца стружани и еден гостиварец се уапсени, двајца се во бегство, а запленети се два килограми хероин
Четириест и седумгодишниот Феим Рамо, познат струшки бизнисмен и неговиот 29-годишен син Кренар Рамо од Струга ја договорале набавката на хероинот, 29-годишниот Рефет Инери од Гостивар го организирале транспортот, додека 26-годишниот Здравко Илиески и Дарко Србиновски (32) од Гостивар ја пренесувале дрогата..Полицијата во средата околу 11.30 часот на влез во Македонија на граничниот премин Делчево сопреле возило „ауди А6“ со гостиварски регистерски таблички кое го управувал Илиевски, а сопатник бил Србиновски.При преглед на возилото во специјално направен бункер во задниот браник на возилото полицајците пронашле хероин, кој бил спакуван во четири пакувања со неправилна овална форма облепена со широка кафена селотејп лента.Полицијата вчера ги претресувала и домовите на Феим Рамо и другите членови на криминалната група. Во домот на Рамо биле пронајдени 51 илјади евра, 3.100 швајцарски франци и околу 250 парчиња муниција со различен калибар, а кај другите полицијата не нашла ништо.Феим Рамо и двајцата членови кои го возеле аудито се приведени, додека Кренер Рамо и Инери се во бегство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се запали БМВ во Драчево
Денеска во 00.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Драчево, во двор од семејна куќа на К.К.(30) од Скопје, настанал пожар во неговото патничко возило БМВ со скопски регистарски ознаки.
Од Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Тројца малолетници тепале и со остар предмет повредиле 22-годишно момче
Полициски службеници лишиле од слобода тројца малолетници поради физички напад, соопшти МВР.
-Денеска (07.09.2024) во 02.40 часот полициски службеници од полициската станица Центар лишиле од слобода тројца малолетници од Скопје, Крива Паланка и Струмица поради постоење основи на сомнение дека во Градскиот парк во Скопје физички го нападнале Б.С.(22) од Скопје и притоа со остар предмет му нанеле повреда, стои во соопштението.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, додаваат од МВР.
Црна хроника
Средношколец од Скопје се заканувал на вработени и кршел инвентар
Средношколец од Скопје, вчера попладне упатувал закани кон вработени во училиште, при што оштетил и дел од инвентарот, соопшти МВР.
-На 06.09.2024 во 20.20 часот во СВР Скопје, било пријавено дека околу 16.50 часот во средно училиште на подрачјето на општина Аеродром, ученик во службени простории агресивно се однесувал кон вработените во училиштето и им упатувал закани, по што оштетил и дел од инвентарот, стои во соопштението на МВР.
МВР соопшти дека е известен јавен обвинител за малолетници. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.