Црна хроника
Приведен гинекологот Маријан Стојовски
Полицијата утрово го приведе гинекологот Маријан Стојовски, поранешен директор на клиниката за гинекологија и акушерство поради земање поткуп
Според МВР, Стојовски на сопруг на своја пациентка и побарал две илјади евра поткуп за да ја оперира од тумор на матката. Парите биле исплатени во три рати, а последната рата од 40.000 денари била исплатена денеска. „Откако МВР ја доби пријавата од оштетениот со судска наредба се примените посебни истражни мерки, односно парите кои требало да бидат предадени се технички обработени. Веднаш откако истите биле исплатени, направен е претрес во канцеларијата на осомничениот и пронајдени се 40.000 денари и 7.000 денари од исплатата на претходната рата“ изјави портпаролот на МВР, Иво Котевски.Во моментов се врши разговор со него во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Фрлена течност пред Основниот суд во Куманово
Непознато лице истурило течност до зградата на Основниот суд Куманово, соопшти денеска СВР Куманово.
– Вчера во 21:50 часот во СВР Куманово, полициски службеник од судска полиција на Основен суд Куманово пријави дека едно лице се доближило до зградата на Основен суд Куманово и истурило течност, по што заминало, информираше полицијата.
СВР Куманово презема мерки за расчистување на случајот, а од Основното јавно обвинителство информираат дека се разгледуваат камерите и течноста ќе се носи на вештачење.
Црна хроника
Возач фатен со 1,99 промили алкохол во крвта и активна забрана за управување возило
Вчера во 21:10 часот на автопатот Куманово-Велес, кај клучка Аеродром во Скопје, полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи го лишија од слобода Т.А(54) од Велес.
Имено, при контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко моторно возило „ланчиа“ со велешки регистарски ознаки, кое го управувал Т.А. и по преземени мерки и извршен алкотест било констатирано дека возачот е под дејство на алкохол, односно дека управува моторно возило со 1,99 промили алкохол во крвта и дека имал активна забрана за управување возило.
Лицето од страна на полициските службеници е лишено од слобода и по документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
Црна хроника
Малолетник тешко повреден во сообраќајка на патот Прилеп–Македонски Брод
Ноќеска во 02:00 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на патот Прилеп–Македонски Брод се случила сообраќајна несреќа помеѓу две патнички возила.
Според информациите, несреќата се случила меѓу „ауди“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Ф.И. од село Дебреште, и „бмв“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Е.Ш. од истото село.
По несреќата, 17-годишен сопатник од возилото „ауди“ бил пренесен во Градска општа болница Прилеп, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ОВР Македонски Брод.
Се работи на целосно расчистување на случајот.

