Црна хроника
Велешанец физички и психички ги малтретирал своите деца

Триесет ипет-годишен велешанец А.П. физички и психички ги малтретирал своите деца, откако по разводот со сопругата останале да живеат со него
Неможејќи повеќе да го трпи агресивното однесување на својот татко, едното дете отишло да живее со неговата мајка. Насилниот татко и натаму продолжил неодговорно да се однесува кон своето дете, не му дозволувал да контактира со мајка му и го присилувал да ја навредува со погрдни зборови. Тој се заканувал дека доколку отиде да ја посети ќе го натепа, пренесува порталот Лисица.Агресивноста кај таткото кулминирала кога неговата поранешна сопруга заминала на гости во странство. Тој постојано му се заканувал телефонски на детето и го присилувал да живее со него. И покрај неколкуте интервенции на Центарот за социјални работи , таткото не ги прифаќал советувањата туку продолжил со насилство и закани врз сопствените деца. СВР Велес против А.П. до основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „телесна повреда“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
МВР: Лишени од слобода две лица во Струга, на градската депонија предизвикале пожар

Две лица се лишени од слобода во Струга откако биле затекнати при палење отпад и предизвикување пожар на градската депонија, информира Министерството за внатрешни работи.
„На 02.08.2025 во 20:30 часот, на градската депонија во Струга, полициски службеници од ОВР Струга ги лишија од слобода Ф.Н.(61) од Струга и Е.В.(38) од Прилеп, кои претходно, од страна на вработени во Територијалната противпожарна единица Струга биле затекнати на депонијата како горат душеци и топат бакарни жици, при што предизвикале пожар. Против нив, по документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни пријави“, стои во известувањето од МВР.
Црна хроника
МВР: Претреси во Кавадарци и Неготино, пронајдена дрога, лишени од слобода две лица

Полицијата изврши претреси во Неготино и Кавадарци.
„На 02.08.2025 во 17:20 часот, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода З.И.(24) од Неготино. По издадена судска наредба, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес и ОВР Неготино, извршија претрес во неговиот дом, при што се пронајдени и одземени 2 000 евра, мобилен телефон и зелена растителна материја. З.И. е задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 02.08.2025 во 18:35 часот, полициски службеници за недозволена трговија со дрога од ОВР Кавадарци го лишија од слобода Ј.А.(31) од Кавадарци. По претходно издадена судска наредба, при извршен личен претрес кај него била пронајдена и одземена зелена растителна материја, а при претрес во неговиот дом, биле пронајдени и одземени бела грутчеста материја, зелена растителна материја, 21 семка и пакување со цветови од зелена растителна материја. Ј.А. бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, стои во соопштението на Министерството за внатрешни работи.
Црна хроника
Запленета поголема количина брендирана стока без документација, лишено од слобода едно лице

Полицијата заплени поголема количина брендирана стока без соодветна документација и приведе едно лице, соопшти Министерството за внатрешни работи.
„На 01.08.2025 околу 20:00 часот на наплатна рампа Романовце, на автопатот Скопје-Куманово од страна на полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при ОГРМ, бил лишен од слобода Д.Ц. (30) од Крива Паланка, затоа што при преглед на возилото „ауди“, кое тој го управувал, пронајдена е поголема количина на брендирана стока, без соодветна документација. По документирање на случајот, против Д.Ц. ќе биде поднесена кривична пријава по чл 285 ст.1 од КЗ“, стои во известувањето од МВР.