Црна хроника
На Блаце запленет килограм хероин
На граничниот премин Блаце во саботата бил спречен обид за венсување на килограм хероин, информираат од македонската Царинска управа
Дрогата била откриена во саботата попладне во автобус во сопственост на фирма од Струга, кој сообраќал на редовна линија Приштина – Блаце – Скопје – Струга, кој го управувал скопјанец. Хероинот бил пронајден при рутинска контрола на внатрешноста на автобусот, кога на под меѓу две седишта биле најдени две пакетчиња со прашкаста содржини со вкупна тежина од околу 1.015 грама. Осомничените биле приведени од страна на царински инспектори од одделението за истраги а одземената материја по првичното тестирање е идентификувана како хероин. Во неделата непознатата прашкаста материја повторно биал испитана во Министерството за надворешни од Одделот за криминалистичка техника, од каде биле потврдени првичните сомневања и било утврдено дека хероинот тежи точно 980 грама. Со осомничените лица извршен е службен разговор и по утврдување на фактичката состојба и собирање на доказниот материјал, до Основното Јавно Обвинителство Скопје, поднесена е кривична пријава против еден македонскин и еден косовски државјанин, поради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Комбе удри пешак во Скопје, со тешки повреди е пренесен во болница
Вчера околу 14:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје, товарно возило „фолксваген кеди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(21) од Скопје, удрило во пешакот З.С.(56) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Старица паднала од автобус, па била прегазена
Вчера околу 12:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, автобус „мерцедес“, управуван од В.А.(56) од Скопје, ја прегазил преку нога 72-годишната А.Б. од Скопје, откако претходно паднала од автобусот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Б., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Топ
Во Белград уапсен Саит Саитов, кој прегази жена во Капиштец и избега
Министерството за внатрешни работи извести дека вчера биле информирани од надлежните служви во Србија дека во Белград е лишен од слобода Саит Саитов од Скопје, кој се бара со меѓународна потерница, распишана од македонското МВР, под сомнение за извршени тешки кривични дела „против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ и „неукажување на помош на лице повредено во сообраќајна незгода“, за кривично-правен настан кој се случи во Скопје на 09.01.2026.
На Саитов му е одреден екстрадициски притвор и следува постапка помеѓу министерствата за правда на двете држави, со цел негово екстрадирање во Македонија и изведување пред лицето на правдата и негово соодветно санкционирање.

