Контакт

Црна хроника

Плаќаме паркинг за да ни ги крадат автомобилите?

Објавено пред

Според податоците на МВР, расте бројот на кражби од автомобили на подрачјето на Скопје, при што во текот на 2009-та, споредбено со претходната година, бројот на кражбите пораснал за 6,3 отсто. Во првите шест месеци од 2010 година бројот на кражби изнесува 1.243

dobivaj vesti na viber

од Фросина ФаковаГраѓаните плаќаат огромни суми за паркинг, но никој не им ја гарантира безбедноста на нивниот автомобил. За да го паркираш својот автомобил во центарот на Скопје, со новото зонско паркирање треба да платиш 45 денари за два часа. Онаму каде што не важи зонското паркирање, паркинзите се движат околу 40 денари за три часа или 60 денари за влез во паркингот.Зонското паркирање се воведе и за станарите. Во зградите каде што има зонско паркирање, станарите годишно треба да платат околу 2.400 денари за паркинг пред својата зграда. Грабежите на автомобилите, според податоците на СВР Скопје, постојано растат, а ова го потврдува и искуството на граѓаните.„Автомобилот ми беше паркиран на паркингот спроти Воена болница. Мислам дека го заклучив возилото, кое се заклучува кодирано. Утрото вратата не беше обиена, но од автомобилот ми беше украдена кеса со облека и мобилен телефон кои сум ги заборавила претходната вечер. Се прашував дали сум заборавила да го заклучам автомобилот или пак некој ми го декодирал автомобилот“, вели Викторија К. од Скопје.Повеќето од граѓаните се согласуваат дека на секој паркинг треба да има физичко обезбедување, кое ќе ја гарантира безбедноста на автомобилите.„Штом плаќаме за паркинг, треба да има обезбедување. Јас сум од Кавадарци и кај  нас паркирањето е бесплатно, но сметам дека тука би требало да има обезбедување. Досега ми се нема случено да ми украдат нешто од автомобил“, вели Борче Ставров.На паркинзите пред приватните фирми, паркинзите ги чува обезбедувањето на фирмата, но на јавните паркинзи обезбедување нема.МВР, Град Скопје и Градски паркинг се изјаснија како ненадлежни за поставување на обезбедување на градските паркинзи. Од Градски паркинг, велат дека претпријатието како организатор на паркирањето во градот не се задолжува како одговорно при евентуални кражби или штети на автомобилите кои се паркирани на јавните паркиралишта или јавните површини наменети за паркирање на кои се применува зонскиот систем на работа.Така стоело и на задната страна од талонот кој корисникот на услугата го добива при влез на паркиралиштето.„Организаторот на паркирањето нема обврска за чување на паркираното возило и не одговара за оштетување или крадење на возилото“ (член 22 од Одлуката)… „Со паркирање на возилото на јавното паркиралиште, се смета дека возачот односно сопственикот на возилото се согласил и ги прифатил условите за користење на јавното паркиралиште  пропишани со оваа Одлука или од страна на организаторот на паркирањето“, пишува на талонот.Од таму објаснуваат дека Градски паркинг е јавно претпријатие формирано од Град Скопје, кое е непрофитабилно. Парите од паркинзите, велат, одат за тековни инвестиции, односно се вложувало во паркиралиштата.Ниту Град Скопје не е надлежен за овој проблем. Од таму велат дека, безбедноста е работа на МВР. Но за МВР, тоа не е нивна работа.„МВР нема никакви ингеренции околу обезбедувањето на паркинзите. Тоа може да биде приватно и јавно претпријатие“, велат од МВР.Бројот на кражбите во автомобилите расте, а начинот на кој се краде е се пософистициран. Арамиите најчесто крадат женски ташни, лаптопи или мобилни телефони. Кражбите најчесто се извршуваат со кршење на стаклото на автомобилот или со тврди предмети или шипки, а некогаш го користат и невниманието на возачите кои ги оставаат вратите незаклучени.Кражби се прават и со копирање на кодовите, ако се земе предвид дека крадците ја следат напредната технологија.Најзагрозени општини во Скопје се Бит-пазар, Карпош, Центар и Чаир. Одделението за превенција при СВР Скопје оваа недела започна кампањата “Јас го заклучив мојот автомобил,а вие?“.“Нашата цел е граѓаните да преземат мерки на самозаштита и да не станат жртви на кражби во моторни возила“, изјави Розелита Дојчиновска, самостоен инспектор од одделението за превенција при СВР Скопје.Полициските службеници во среда на паркингот спроти хотелот Холидеј Ин ги запираа возачите и им делеа сенки за сонце за автомобили со пораки за самозаштита.Една од пораките е “Не оставај вредни предмети во твојот автомобил“, “Заклучувај ги вратите и прозорците кога ќе го напуштиш автомобилот и за кратко“ и “Кражбите на твојот и на туѓиот автомобил пријави ги на 192“. Проектот ќе трае цело лето во сите општини низ Скопје, а финансиски е поддржан од мисијата на ОБСЕ.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника

Кривична против маж од Врапчиште: со закана изнудил 5000 евра од негова роднина

Објавено пред

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ј.Ј.(84) од село во општина Врапчиште поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда’’.

dobivaj vesti na viber

Во текот на јули 2025 година, пријавениот со закана побарал и добил 5000 евра од едно женско лице – негова роднина, а откако таа побарала да ѝ ги врати парите ја прекинал комуникацијата со неа.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Инцидент во болница во Ѓорче Петров: Пациент физички нападнал вработена

Објавено пред

Вчера во 11:00 часот во СВР Скопје, 56-годишната Д.Ѓ. од Скопје пријави дека околу 04:00 часот на работното место во здравствена установа на подрачјето на Ѓорче Петров била физички нападната од едно лице, кое се лекувало во установата.

dobivaj vesti na viber

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Семејно насилство во Скопско: им се заканувал на ќерките, а се обидел да ја нападне сопругата, полицијата го уапси 56-годишникот

Објавено пред

Вчера во 20:30 часот во скопско село, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 56-годишниот С.К. затоа што упатувал закани кон неговата 44-годишна сопруга и се обидел физички да ја нападне, а претходно со остар предмет упатувал закани и кон нивните две ќерки и притоа оштетил дел од покуќнината во семејниот дом.

dobivaj vesti na viber

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 минути

Филипче: Нема услови за укинување на техничката влада

Претседателот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, на прес-конференција изјави дека укинувањето на техничката влада треба да се случи дури кога...

Македонија2 часа

(Видео) Мицкоски: Техничката влада треба да замине во минатото, но ако СДСМ мислат дека е потребна за следните избори, во ред, прифаќаме

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на прес-конференцијата по завршување на лидерската средба извести дека сите присутни се согласиле дека техничката...

Економија4 часа

Мој ДДВ не се укинува – налозите за исплата во февруари се подготвуваат, извести УЈП

Управата за јавни приходи ги демантира написите во дел од медиумите дека се укинува мерката „МојДДВ“. „Јасно и недвосмислено истакнуваме...

Топ5 часа

Загина маж во пожар во стан во Тетово: со изгореници се здобило уште едно лице

Вчера во 19:20 часот во СВР Тетово е пријавено дека на улицата „180“ во Тетово настанал пожар во стан, сопственост...

Македонија6 часа

Oбјавена листата на најмоќните пасоши за 2026 година: Македонија бележи напредок

Азиските земји продолжуваат да доминираат на рангирањето на најмоќните пасоши во светот, според најновиот извештај на „Henley Passport Index“. Сингапур...

Македонија7 часа

(Видео) Димитријевиќ: Кој оди на средба со Мицкоски легитимира криминал и изолација на земјата

Сите што денеска ќе одат на средба со Мицкоски за укинување на техничката стануваат соучесници во легитимирање на криминалот и...

Македонија7 часа

За новогодишно украсување, општините дале 785 илјади евра – најмногу пари потрошила Општина Штип

За новогодишно украсување, општините потрошиле 785 илјади евра, а 78 отсто од вредноста е концентрирана кај една фирма. Ова го...

Македонија9 часа

Вељаноски за техничката влада: Eксперимент кој предизвикува штета за државата

За поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски, техничката влада е експеримент кој како што оценува, предизвикува повеќе штета од корист...

Свет11 часа

Денешниот состанок во Вашингтон ја одлучува судбината на Гренланд

Денес во Белата куќа се одржува состанок кој би можел да ја одреди иднината на Арктикот, но и на самиот...

Свет12 часа

Трамп: Сакам да победам во Иран, обожавам да победувам

Претседателот на САД, Доналд Трамп, се закани дека ќе „преземе многу силни мерки“ ако иранските власти почнат да ги бесат...

Македонија12 часа

Лидерска средба за техничката влада, СДСМ одби да учествува

Во Клубот на пратениците денеска треба да се одржи лидерска средба на премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, со...

Свет20 часа

(Видео) Премиерот на Гренланд: Ако треба да избереме помеѓу САД и Данска, ја бираме Данска

Премиерот на Гренланд изјави дека доколку неговиот народ мора да избере „тука и сега“, ќе ја избере Данска пред САД....

Европа20 часа

Поранешни вработени го обвинија Хулио Иглесијас за сексуална злоупотреба, откриени детали

Шпанскиот пејач Хулио Иглесијас е обвинет за сексуален напад од страна на две поранешни вработени, кои тврдат дека биле подложени...

Македонија24 часа

(Фото) Тошковски на проштална средба со амбасадорката Агелер: САД остануваат клучен стратешки партнер во безбедноста

Министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија, Панче Тошковски, денеска оствари проштална средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави...

Европа24 часа

Зеленски се обиде да го назначи поранешниот премиер за министер за енергетика, парламентот го одби

Украинските пратеници го отфрлија назначувањето на министерот за одбрана во заминување Денис Шмихал за министер за енергетика, што е ретка...

Свет1 ден

Бројот на жртви варира во голема мера: „Иран Интернешнл“ тврди дека најмалку 12.000 луѓе се убиени во протестите

Се појавуваат извештаи за илјадници жртви во немирите во Иран, што би претставувало најголем број смртни случаи во протестите од...

Свет1 ден

Каја Калас: Историјата е полна со примери за паѓање на режими, но прашањето е што следува потоа

Високиот претставник на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, изјави дека е неизвесно што ќе се...

Македонија1 ден

Времето утре – сончево со мала до умерена облачност, максималната температура до 10 степени

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен...

Македонија1 ден

Јордан Апостолски, Наташа Бошкова и Сашо Георгиевски кандидати за судии во Европскиот суд за човекови права

Владата на денешната 141 седница беше информирана за текот на постапката за номинирање кандидати за позицијата судија во Европскиот суд...

Македонија1 ден

Утрешното судење за пожарот во „Пулс“ е одложено за 26 јануари

Судењето за пожарот во „Пулс“ што требаше да се одржи утре е одложено за 26 јануари, соопшти Кривичниот суд. Расправата...