Црна хроника
Осудениците од Идризово се уште во бегство
Управата за извршување санкции потврди дека утрово околу 5 часот од скопскиот затвор „Идризово“ побегнале две лциа, што било забележано п опрегледувањето на видео материјалот од затворските надзорни камери еден час подоцна
Управата за извршување санкции соопшти и дека веднаш биле суспендирани службените лица коишто биле на стражарските места каде што е извршено бегството се суспендирани.Како што беше јавено претходно, двајцата затвореници утрово со избивање на решетката од прозорецот на бањата во објектот „Школо“во кругот на затворот „Идризово“ и со користење на дрвена талпа успеале да го прескокнат оградниот ѕид.Од старна на чуварската служба веднаш било органзирана потрага околу ѕидот и пошироката околина, а направено е пребарување во затворениот дел во установата како и вонредна проверка на сите објекти. Засега, двах=цјата бегалци не се пронајденини, а не се сооптшува ниту дали во досегашната истрага е отркиена ниван трага ида ли имале помагачи во и надвор од затворот. Станува збор за осуедениците Ријамнодо Усаен од Скопје кој бил осуден на затворска казна од 18 месеци две тешки кражби која почнал да ја издржува во мај годинава и за кавадарчанецот Оливер Којчев кој од ланскито септември оделжувачл казна од 2 години и пет месеци за кривичнит едела „лажно пријавување“ и за „нанесување тешка телесна пвореда“
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Комбе удри пешак во Скопје, со тешки повреди е пренесен во болница
Вчера околу 14:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје, товарно возило „фолксваген кеди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(21) од Скопје, удрило во пешакот З.С.(56) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Старица паднала од автобус, па била прегазена
Вчера околу 12:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, автобус „мерцедес“, управуван од В.А.(56) од Скопје, ја прегазил преку нога 72-годишната А.Б. од Скопје, откако претходно паднала од автобусот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Б., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Топ
Во Белград уапсен Саит Саитов, кој прегази жена во Капиштец и избега
Министерството за внатрешни работи извести дека вчера биле информирани од надлежните служви во Србија дека во Белград е лишен од слобода Саит Саитов од Скопје, кој се бара со меѓународна потерница, распишана од македонското МВР, под сомнение за извршени тешки кривични дела „против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ и „неукажување на помош на лице повредено во сообраќајна незгода“, за кривично-правен настан кој се случи во Скопје на 09.01.2026.
На Саитов му е одреден екстрадициски притвор и следува постапка помеѓу министерствата за правда на двете држави, со цел негово екстрадирање во Македонија и изведување пред лицето на правдата и негово соодветно санкционирање.

