Црна хроника
Се трага по третиот српски државјанин инволвиран во тепачката во Охрид
Охридската полиција се уште нема информации за причините и учесниците во крвавиот настан, а во се’ уште се врши распит на приведените инволвирани во трагичниот настан од петокот наутро кога во тепачка животот го загуби 34-годишниот турист од Белград Дејан Новаковиќ
Во Охрид во петокот пристигнаа и претставници од амбасадата на Република Србија во Република Македонија кои се сретнаа и имаа разговори со надлежните органи. Покрај инволвираноста на двете групи српски туристи во инцидентот, според шпекулациите на охридсата чаршија групата којашто го претепала момчето кои почина е од Охрид. Во Охридската полиција во петокот на разговор беа повикани триесетина лица, меѓу кои и еден од сопствениците на локалот каде започнала тепачката. Тој како што изјави портпаролот на МВР, Иво Котески, се вмешал во расправијата која избувнала помеѓу две групи српски туристи, затоа што препознал свој пријател во караницата. Притоа, информираше полицијата, тој бил нападнат од сега починатиот, по што во тепачката се вклучило и обезбедувањето на клубот „Хавана“, како и други лица.Kако што пренесува охридското Супер радио, жестоката расправија почнала во клубот „Хавана“, продолжила со бркотници на блиската улица а завршила со масовна тепачка.На тротоарот пред дирекцијата на манифестацијата „Охридско лето“ и пред поштата во Охрид во петокто се’ уште биле видливи трагите од крв, кои се сведоци на тепачката во која рано наутро во петокот живото го загуби Дејан Новаковиќ од Белград.Во Охрид кој е потресен од трагедијата, граѓаните изразуваат згрозеност од немилиот настан.Очевидците велат, страшна беше глетката на крвиот инцидент.„Прво се направи гужва во диското. Не знам за што беше расправијата но тепачката започна тука по што како фурија сите истрчаа надвот. Видов дека момчето бегаше и викаше ’Помош’’, вели еден очевидец кој вечерта се забавувал во ноќниот клуб заедно со својата девојка, пренсува Супер радио..„Со клоци и тупаници маваа по момчето кое беше паднато на земја. Се слушаа и викотници но во еден миг сите се разбегаа“, вели друг очевидец.Српските медиуми јавуваат дека Дејан бил познат спортист кој живеел во Нов Белград. Тој зад себе ја остави сопругата Сандра, мајката Сека и три ќерки од кои најстарата за неколку дена ќе наполни девет години, а најмладата има само неколку месеци.Дејан заминал во Охрид пред неколку дена со својот другар Горан Периќ кој работи како туристички водич.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Комбе удри пешак во Скопје, со тешки повреди е пренесен во болница
Вчера околу 14:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје, товарно возило „фолксваген кеди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(21) од Скопје, удрило во пешакот З.С.(56) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Старица паднала од автобус, па била прегазена
Вчера околу 12:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, автобус „мерцедес“, управуван од В.А.(56) од Скопје, ја прегазил преку нога 72-годишната А.Б. од Скопје, откако претходно паднала од автобусот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Б., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Топ
Во Белград уапсен Саит Саитов, кој прегази жена во Капиштец и избега
Министерството за внатрешни работи извести дека вчера биле информирани од надлежните служви во Србија дека во Белград е лишен од слобода Саит Саитов од Скопје, кој се бара со меѓународна потерница, распишана од македонското МВР, под сомнение за извршени тешки кривични дела „против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ и „неукажување на помош на лице повредено во сообраќајна незгода“, за кривично-правен настан кој се случи во Скопје на 09.01.2026.
На Саитов му е одреден екстрадициски притвор и следува постапка помеѓу министерствата за правда на двете држави, со цел негово екстрадирање во Македонија и изведување пред лицето на правдата и негово соодветно санкционирање.

