Црна хроника
Запленети осум килограми марихуана во Охрид
Инспекторите пронашле околу осум килограми чиста опојна дрога марихуана спакувана во повеќе полиетиленски ќеси во гаража во Охрид
Како што пренесува Ohridnews, aкцијата била изведена во моментот кога се состанале две лица, едниот од Скопје, другиот од Охрид во близина на гаражата, сопственост на едно од приведените лице.Во текот на акцијата, едно пакување со самолеплива лента било пронајдено во патничко моторно возило марка „пежо“ со скопски регистарски таблици, додека останатите најлон ќеси, облепени со самолеплива лента биле пронајдени во гаражата.СВР Охрид поднесе кривични пријави против двете лица за недозволено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори.Лицата кои веднаш биле приведени и се добро познати на полицијата како извршители на повеќе слични кривични дела поврзани со нелегална трговија со дрога.Скопјанецот условно е осуден со казна од Основниот суд во Скопје во траење од две години, а условно за четири години. Против охриѓанецот, досега биле поднесени три кривични пријави за неовластен промет со наркотични дроги.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Уапсен прилепчанец: ограбил манастир во Неготино
Вчера во 12:30 часот во Неготино, од страна на полициски службеници од ОВР Неготино од слобода е лишен 44-годишниот М.А. од Прилеп, по добиена пријава дека истиот ден околу 09 часот, со употреба на сила, одзел пари од манастирот „Св. Ѓорѓи“ во Неготино.
Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности и М.А. е лишен од слобода, а по документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Уапсен скопјанец, запленети 300 теписони и стази без документација
Вчера полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции на подрачје на СВР Охрид, поточно на место викано Подмоље го лишија од слобода А.Ј (52) од Скопје.
Имено, откако било сопрено товарно возило „форд транзит” со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Ј., при преглед на возилото во товарниот дел пронајдени се 300 теписони и стази, без соодветна документација.
Лицето е лишено од слобода, а возилото и стоката се одземени.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
фото: МВР
Црна хроника
Со возилото удрил во заштитна ограда а возел со 1,98 промили алкохол во крвта: уапсен кичевец
Вчера во 18:25 часот на магистралниот пат Охрид-Кичево, кај месноста „Копачка“, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода О.М.(63) од Кичево.
Претходно, тој со патничко возило „пежо“ со кичевски регистарски ознаки, кое го управувал, излетал од патот и удрил во заштитна ограда, а при преземање мерки во врска со незгодата е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,98 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, информира МВР.

