Црна хроника
Велосипедист прегазен на пешачки
На пладне скопјанец беше прегазен на пешачки премин на раскрсницата кај Комплекс банки. Во него удри автомобил „југо“
Од силниот удар скопјанецот кој беше на велосипед падна на асфалтот. Неколку минути лежеше неподвижен, по што со помош на минувачи беше седнат на коловозот.Минувачите повикаа полиција и итна помош која стигна за 15 –тина минути. Во меѓувреме на скопјанецот минувачите му дадоа вода да се освежи, а му помагаше и жената која го управуваше југото. Таа на присутните им кажа дека велосипедистот наеднаш и се појавил и не го видела бидејќи имало многу пешаци кои веќе го поминале пешачкиот.За тоа време скопјанецот се потсмири од првичниот шок и се пожали дека го боли левата нога. Дојде прва помош да му укаже медицинска нега и полиција да направи увид.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Го претепал и го избркал од дома малолетниот син: кривична пријава за кумановец
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ч.С.(49) од Куманово.
Според полицијата тој се сомничи за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“.
Имено на 29.12.2025 во Куманово, пријавениот физички го нападнал неговиот малолетен син и го избркал од дома.
Црна хроника
Крадел во продавница, па ја нападнал вработената која се обидела да го спречи
Синоќа во 21:00 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од ЕВР Гази Баба при СВР Скопје го лишија од слобода З.К.(37) од струшко, со привремен престој во Скопје.
Тој околу 18:00 часот во продажен објект во Скопје, откако одзел производи, физички ја нападнал вработената која се обидела да го спречи.
Полицијата соопшти дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Разбојништво на автобуска постојка: ограбена скопјанка
Денеска (29.01.2026) во 08:30 часот во СВР Скопје, З.Р.(65) од Скопје пријави дека околу 07:10 часот на автобуска постојка на подрачјето на Центар, едно лице со употреба на физичка сила и одзело личен накит. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

