Црна хроника
Уште шестмина вмешани во скандалот со малолетничка проституција
Шест други лица се вмешани во сексуалниот скандал со двете осомоодделенки од Штип и против нив штипската полиција поднесе кривични пријави
Како што соопшти во сабота Министерството за внатрешни работи, биле идентификувани лицата што ги наведувале малолетничките на секс со повеќе лица од Кочани, Куманово, Струмица и Штип.Станува збор за 20. годишната М.Г. и 23. годишната Д.Ј., двете од Штип, кои во периодот јануари-јули 2010 година во повеќе наврати им организирале средби и такси превоз и ги подвеле на полови дејствија на повеќе лица, кои за извршените услуги им давале пари во износ од 1.000 до 5.000 денари. Сводничките задржувале поголем дел од парите, а помал дел им давале на осмоодделенките, но имало случаи кога и воопшто не ги исплаќале девојчињата. Услугите ги давале во угостителски објекти, во патнички возила или во станови на пријавените лица. Во сексуалниот скандал со малолетничките се идентификувани 39. годишниот А.Т. од Кочани, 49. годишниот М.М. и 32. годишниот В.Ј. од Куманово, како и и 43. годишниот М.Ш. од Штип. Против нив е поднесена кривична пријава за „Полов напад врз малолетник кој не наполнил 14 години“ и сите се предадени на ОЈО – Штип за натамошна постапка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Скопјанка со нож нападната од нејзиниот татко
На 02.03.2026 во 18:45 часот во СВР Скопје, 48-годишна жена од Скопје пријави дека околу 15:00 часот во семејниот дом на подрачјето на општина Аеродром била физички нападната од нејзиниот 79-годишен татко, кој со остар предмет и упатувал закани, при што сам се повредил од невнимателност.
Во 20:00 часот, според полицијата, 79-годишен маж од Скопје пријавил дека околу 15:00 часот во семејниот дом неговата ќерка насилно му го одзела мобилниот телефон, при што почнале меѓусебно да се туркаат, а неговиот зет физички го нападнал.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Загина жена од Злетово: ја прегазил „мерцедес“
Вчера во 15:33 часот во ОВР Пробиштип е пријавено дека на ул.„Пониква“ во Злетово, на место викано „Клапчово маало”, Р.З.(50) од с.Неокази, пробиштипско, управувајќи патничко возило „мерцедес“ со пробиштипски регистарски ознаки, удрил во пешакот З.А.(59) од с.Злетово, пробиштипско.
Од здобиените повреди на местото на несреќата починала З.А., а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.
По наредба на јавен обвинител, телото на почината е предадено на Судската медицина за обдукција.
Полицијата соопшти дека е извршен увид од увидна екипа на ОВР Пробиштип.
Црна хроника
Уапсен Турчин: во патничко возило превезувал пет лица мигранти
Вчера вечер во 23:00 часот на локалниот пат Гевгелија-Граничен премин Богородица, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гевгелија го лишија од слобода 46-годишниот Ф.С. од Република Турција.
При сообраќајна контрола, полициските службеници запреле патничко возило „дачија“ со албански национални ознаки, кое го управувал, при што во возилото биле затекнати пет лица мигранти, од кои четири лица од Авганистан и едно лице од Турција.
Лицето е приведено изадржано во Полициската станица Гевгелија, а по целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

