Црна хроника
Три тела најдени на плажa во Струга
Трите беживотни тела што попладнево се најдени во водата во близина на плажата „Галеб“ во Струга, во близина на истекот на реката Црн Дрим во Охридското Езеро биле жители на Струга
Според засега непотврдени инфромации, двајца од починатите биле вработени во Медицинскиот центар во Струга, анестезиолог и хирург, а третиот бил вработен во Упрвата за јавни приходи. Се’ уште не се познати причините поради која настапила смртта кај тројцата видни стружани.Трите безживотни тела во сабота попладне биле откриени на градската плажа „Галеб“ во Струга, во близина на истекот на Црн Дрим од Охридско Eзеро, потврдија извори од охридската полиција.Како што пренесува Ohridnews, на местото на настанот во моментов увид вршат екипи на полицијата, истражен судија и јавен обвинител.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.