Црна хроника
Се самоуби уште еден затвореник
Затвореник вчера попладне се обеси во затворот „Идризово“ во Скопје, соопшти Управата за извршување на санкции
Дежурниот надзорник го пронашол четириесет и двегодишниот Адем Сулејмани од Скопје во бањата, во објектот „школо“, каде се обидел да се обеси за решетките од прозорецотВо моментот кога осуденикот бил пронајден, се уште давал знаци на живот, по што веднаш бил транспортиран во Ургентниот центар. Таму бил направен обид за реанимација, но затвореникот починал во 17:45 часот.Како што соопштуваат од Управата, затвореникот бил дијабетичар и бил под постојан надзор. Кај него не било забележано никакво невообичаено однесување. За време на неговиот престој во „Идризово“ работел во домскиот магацин.Сулејмани бил осуден во Словачка на 12 години и шест месеци затвор за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги.Во 2002 г. почнал да ја издржува казната затвор во Словачка, за по пет години да биде префрлен во затворот во Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Мајка од Велес ги оставила петте малолетни деца сами и заминала за Скопје
Полициски службеници од полициската станица „Ѓорче Петров“ синоќа во 2:05 часот по полноќ лишиле од слобода 36-годишна велешанка. Претходно во СВР Велес било пријавено дека таа во домот ги оставила нејзините пет малолетни деца и заминала во Скопје.
Како што денеска информираат од СВР Велес, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Приведен 21-годишен охриѓанец, нападнал полицаец
Вчера во 00:10 часот, во угостителски објект лоциран на улицата „Св. Климент Охридски“ во Охрид, приведен е лице на (21) од Охрид, кој претходно бил агресивен кон полициските службеници кои преземале службени дејствија.
По целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Угинато куче со пена на уста најдено на улица во Кавадарци, ќе постапува обвинител
Угинато куче било пронајдено доцна синоќа на улица во Кавадарци, по насока на јавен обвинител телото било однесено на обдукција, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.
– Синоќа во 22:15 часот во ОВР – Кавадарци, од Здружението за заштита на животни било пријавено дека на улица „Димката Ангелов – Габерот“ во Кавадарци има мртво куче со пена на устата. По насока на јавен обвинител, телото на кучето било подигнато од ветеринарен лекар и однесено во ветеринарна станица за вршење обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, соопштија од СВР – Велес.

